Во старата касарна во Битола започна реализацијата на проектот „Изградба на паркинг на СТУ9 АРМ четврт 3“, кој опфаќа изградба на коловоз, атмосферска канализација и улично осветлување.
Градоначалникот Тони Коњановски информираше дека проектот предвидува асфалтна површина од 1.550 метри квадратни, со вкупна вредност од 7.382.097 денари.
Средствата за реализација на проектот се обезбедени преку вториот повик на Министерство за транспорт, во рамки на владините инвестиции за подобрување на локалната инфраструктура.
Коњановски истакна дека со ваквите проекти се подобруваат условите за паркирање и се унапредува урбаната инфраструктура, што придонесува за поквалитетен живот на граѓаните.
„Продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата и создавање на подобри услови за сите жители на Битола“, порача Коњановски.


