Проданоски со порака за Прочка: Простете и простено нека ни е на сите

February 22, 2026
1 min read

По повод празникот Велики поклади – Прочка, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за простување, смирение и зацврстување на меѓусебната доверба.

Во својата објава тој истакна дека празникот нè повикува на искрено преиспитување и подадена рака кон ближниот, нагласувајќи дека простувањето е вредност што ги надминува недоразбирањата и ги зацврстува односите меѓу луѓето.

„Да си простиме еден на друг, да покажеме човечност и разбирање и да продолжиме обединети во градењето подобра иднина за нашата општина“, порача Проданоски.
Тој додаде дека токму преку почит, доверба и слога може да се создаде подобра заедница за сите граѓани.

Пораката ја заврши со традиционалниот поздрав: „Простете и простено нека ни е на сите“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фабрегас: Јувентус е италијански Реал Мадрид, сакам Комо да игра во стилот на Венгер

Следно

БРАКО помогна на најранливите – 330 оброци за граѓани во социјален ризик

Latest from Blog

Осумдесет политички затвореници се ослободени во Венецуела, изјави претседателот на Парламентот

„Денес, 80 лица беа ослободени во Каракас“, рече тој, откако венецуелското судство ослободи 379 политички затвореници по усвојувањето на Законот за амнестија. Амнестијата беше ветена од привремената влада по апсењето на поранешниот

Коњановски со порака за Прочка: Простувањето е пат кон љубов и мир

повод празникот Велики поклади – Прочка, Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола, упати порака за простување, љубов и духовно издигнување. Во својата порака, Коњановски нагласи дека празникот е симбол на простување и
Go toTop