Министерката за финансии, Годана Димитриеска – Кочоска, истакна дека државната помош мора да биде внимателно дизајнирана и насочена кон создавање реална економска вредност, наместо да претставува товар за јавните финансии.
„Државната помош треба да се третира како инвестиција во конкурентноста, инвестициите и одржливиот раст“, посочи таа.
Димитриеска – Кочоска денеска заедно со претставници од земјите од Западен Балкан дискутираше за транспарентноста, ефективноста и усогласувањето на државната помош со ЕУ регулативата, со цел јавните средства да се насочуваат поодговорно и развојно.
„Како министерка за финансии, мој приоритет е секој денар од Буџетот да има јасна економска оправданост и развојна цел. Транспарентноста и отчетноста не се формалност, туку предуслов за доверба и подобри јавни политики“, нагласи таа.
Министерката најави дека ќе продолжи градењето на систем во кој државната помош поттикнува инвестиции со повисока додадена вредност, отвора нови работни места и придонесува за подобар животен стандард за граѓаните.


