Вучиќ: Постигнавме некаков договор, задоволен сум од тоа и од ЗСО

March 18, 2023
1 min read

Вучиќ рече дека Европскиот совет на патот, кој е долг, ќе процени колку е направено од планот за имплементација. Ќе се оценува независно за секоја од страните што направиле

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, по средбата во Охрид изјави дека е постигнат некаков договор, дека се договорени неколку точки кои ќе станат дел од преговарачката рамка, јавува Н1.

Вучиќ рече дека Европскиот совет на патот, кој е долг, ќе процени колку е направено од планот за имплементација. Ќе се оценува независно за секоја од страните што направиле.

„Денес беше денот кога требаше да се договориме за планот за имплементација. Она што е важно да се каже е дека овие неколку точки за кои се договоривме ќе станат дел од преговарачката рамка. Една од клучните точки е дека Европскиот совет ќе процени колку е направено со планот за имплементација, кој ќе се прошири. Формирањето на ЗСО беше поставено како приоритетна обврска. Морам да кажам дека сум навистина задоволен од тоа. Се уште се зборува за исчезнати лица, за донаторски конференции. Планот секако ќе треба да се надгради“,

рече тој.

Вучиќ додаде дека и денеска не потпишал ништо.

„И денеска немам потпишано ништо. Јасно кажав кои се нашите црвени линии. Направивме добар напредок во конструктивна атмосфера. Не беше ден Д, но беше ок ден. Секој поен утре ќе им го презентирам на граѓаните“,

рече Вучиќ.

Дијалогот меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво продолжи денеска во Охрид под покровителство на Европската Унија, а во фокусот на средбата беше финализирањето на Анексот за имплементација на Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти најпрвин, одвоено, се сретнаа со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, а трилатералната средба започна нешто пред 15:30 часот и заврши околу 22 часот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Халанд со нов хет-трик го откажа Барнли и најави полуфинале за Сити (Видео)

Следно

Заврши трилатералната средба во Охрид- КОХА:„Постигнат договор“

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop