Пратеничката на ВМРО – ДПМНЕ, Олга Лозановска објави дека Владата преку заем од КФБ банката обезбеди средства за реконструкција на Ресурсниот центар во Битола и Студентскиот дом во Битола.
Лозановска наведува – ,,3 382 500 евра за реконструкција ќе добие Ресурниот центар Кочо Рацин во Битола!
5 615 500 евра за реконструкција ќе добие Студентскиот дом во Битола!
Оваа реконструкција ќе опфати комплетна реконструкција на фасадата, кровот, санитарните јазли, електричната и водоводната инсталација, греењето итн.
Средствата ги обезбедуваме преку заем од КФБ банката кои се наменски за реконструкција на основни и средни училишта, студентски домови!”, објави пратеничката Лозановска.

Извор Апла.мк


