Работна сесија од преговорите Белград-Приштина во претседателската Вила Билјана

March 18, 2023
1 min read

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во Охрид во претседателската Вила Билјана ги пречека високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската Комисија Жозеп Борел, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти на работна сесија од преговорите во рамки на дијалогот на високо ниво Белград-Приштина под покровителство на ЕУ, известуваат од неговиот кабинет.

– Претседателот Пендаровски смета дека е исклучително важно што оваа работна сесија од дијалогот на високо ниво помеѓу Белград и Приштина се одвива во Охрид, бидејќи тоа е знак дека Република Северна Македонија во изминативе години покажа нетипично балканско однесување и функционира како вистинска мултиетничка демократија, што е реткост и во пошироки рамки. Ова го доживуваме како признание за постигнатото во изминатиот период и поттик на домашните политички сили да продолжат со европските реформи, за што е можно побрзо да станеме полноправна и формална членка на Европската Унија, посочуваат од кабинетот на Пендаровски.

Оттаму потенцираат дека преговорите помеѓу Белград и Приштина се исклучително важно регионално прашање чиешто решавање може да помогне за трајна стабилизација на регионот и негова побрза европска и евро-атлантска интеграција.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Продолжуваат градежните работи за изградба на фекалната канализација во Страчинци

Следно

Англија на домашен терен го гледа „Албански Наркос“

Latest from Blog

Кој се кладел на 400.000 долари ДЕКА ПУТИН ЌЕ ЗАМИНЕ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

Анонимен корисник инвестирал околу 400.000 долари на платформата за крипто обложување Polymarket, предвидувајќи дека Владимир Путин нема да биде претседател на Русија на крајот од 2026 година! Мистериозниот облог привлече големо внимание

Во СДСМ ќе се дискутира за тоа што барала Славјанка Петровска на настан на „нова демократска платформа“

Органите и телата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) идната недела ќе дискутираат за учеството на пратеничката од партијата и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска на настанот под името „Разговори за

Оливер Гласнер три години на клупата на Нотингем Форест

Оливер Гласнер од денеска е нов тренер на Нотингем Форест. Според информацијата на инсајдерот Фабрицио Романо, Австриецот потпишал тригодишен договор. 51-годишниот Гласнер ќе го замени Витор Переира на позицијата главен тренер, чие
Go toTop