Превозниците од Македонија ги прекинаа блокадите, камионџиите од Србија и БиХ продолжуваат со протест

January 30, 2026
1 min read

Превозниците на товар од Србија и Босна и Херцеговина продолжуваат да ги блокираат товарните терминали на граничните премини петти ден, додека превозниците во Црна Гора и Македонија ги прекинаа блокадите откако ЕК објави нова визна стратегија што би го решила проблемот со ограничувањата за престој на професионалните возачи во Шенген зоната.

Во вторник, 3 февруари, ќе се одржи состанок на министрите од сите земји од Западен Балкан со претставници на Европската комисија за проблемот на превозниците од регионот во Шенген зоната, за што шефот на Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, Луиџи Сорека ја информираше синоќа претседавачката со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.

Тие телефонски разговараа за прекинот на непречениот проток на стоки и функционирањето на меѓународниот транспорт, предизвикани од блокадите на граничните товарни терминали кон земјите од ЕУ.
Новата визна стратегија на ЕУ што ја презентираше ЕК, како што беше најавено, ќе им помогне на превозниците од Западен Балкан, бидејќи „ЕУ сака да овозможи пофлексибилни правила за прекуграничните работници“.

Возачите на камиони од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина почнаа да ги блокираат граничните премини во понеделникот, 26 јануари, сметајќи дека новиот систем за контрола на влез и излез (ЕЕЅ) во Шенген зоната дискриминира превозници од ЕУ. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иран започна масовни апсења по крвавото задушување на протестите (ВИДЕО)

Следно

Најстудено утрово на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија

Latest from Blog

Битолскиот дувачки оркестар останува столб на културната понуда во градот

На тркалезната маса која ја организираше Општина Битола за културните случувања во 2026 година, а кои се дел од годишната Програма за култура, Марјан Бакревски истакна дека Битолскиот дувачки оркестар со континуираната

Божиновска: Рекордни 1,2 милијарди денари приходи од концесии во 2025 година

Во 2025 година е остварена историски највисока наплата од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини, која изнесува 1.223.455.203 денари, што претставува раст од 218 проценти во однос на 2024 година, соопшти

Битола лидер во отчетност и пристап до информации

Во најновото истражување на транспарентноста на локалните самоуправи во Македонија, спроведено според методологијата на Transparency International – Македонија, општините Битола и Аеродром се најдобро оценети по отворен пристап до информации и отчетност

Коњановски со финансиска поддршка за олимпискиот сон на Рустемовски

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски објави дека синоќа имаше чест заедно со секретарот на општината Борче Димитровски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски да присуствува на манфестацијата „Спортисти на годината 2025“ на
Go toTop