ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата за гаќи „Електра Солушн“ добила и грант од Фондот за иновации за да се преструктуира во бизнисот со градежен надзор

March 18, 2023
1 min read

Корупцискиот скандал на власта со изборот на надзор за изградбата на коридорите 8 и 10Д е како сапуница, мислиш ќе престане, а веќе следниот момент излегуваат нови детали, велат во партиското соопштенеито од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски и Груби колку повеќе лажат, толку повеќе излегуваат на виделина сите аспекти на матните зделки со овој тендер. Компанијата „Електра Солушн“, која Ковачевски и Груби лажеа дека е само локален минорен партнер во конзорциумот кој ќе го води надзор, се испостави дека е клучен партнер преку кој ќе поминат најмногу средства од 22 милионскиот тендер. Патем, фирмата „Електра Солушн“, фирма која до неодамна се занимавала со шиење гаќи, се префрлила во градежниот сектор со сесрдна помош на власта на Ковачевски и Груби. За тоа говори и информацијата дека еден ден откако истата добива лиценца за надзор, таа добива грант од Фондот за иновации од 65.000 евра за проект „Дигитално решение за управување со градежни проекти“. Многу иновативно префрлање од шиење гаќи во градежен надзор.

Да потсетиме, оваа лиценца за надзор компанијата „Електра Солушн“ ја доби на крајно контроверзен начин, односно барањето го поднела 12 дена по распишувањето на повикот за доставување на понуди на тендерот, а во рок од 5 дена и ја добиле истата. Тоа значи дека компанијата за шиење гаќи немаат никакво позначајно искуство за надзор, освен ако не се смета тоа што се цимери во ист двор со компаниите кои претходно го добија истиот тендер, кој патем беше поништен заради нивна поврзаност со руски капитал.

Што уште треба да излезе на виделина за Јавното обвинителство да отвори случај за овој скандал кој смрди на криминал. Власта на Ковачевски и Груби е фатена на дело. Одговорност за овој скандалозен тендер мора да има, не само за функционерите кои ова го дозволиле, туку и правосудните органи кои свесно молчеле и го заштитувале тоа, стои во соопштението на партијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изречени 211 казни за еден ден: Низ Скопје се вози брзо, без возачка дозвола и со нерегистрирани возила

Следно

Катарскиот шеик подготвен да плати и 6 милијарди фунти за Манчестер Јунајтед

Latest from Blog

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила
Go toTop