Путин го смени Суровкин, генерал Герасимов е нов заповедник на руските сили во Украина  

January 11, 2023
1 min read

Генералот Сергеј Суровкин, кого руските медиуми го нарекоа „генерал Армагедон“, поради неговата наводна немилосрдност, беше назначен од Кремљ за врховен командант на руските сили во Украина пред само три месеци, по серијата контраофанзиви на украинската војска кои донесоа промени на фронтот во корист на Киев

Руското министерство за одбрана денеска соопшти дека началникот на генералштабот на руските сили, генерал Валериј Герасимов е назначен за нов командант на здружените сили во „специјалната воена операција во Украина“ – како што Москва ја нарекува инвазијата на оваа земја. 

Генералот, Валериј Герасимов (десно) со рускиот претседател, Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу/Фото: Википедија

Генералот Сергеј Суровкин, кого руските медиуми го нарекоа „генерал Армагедон“, поради неговата наводна немилосрдност, беше назначен од Кремљ за врховен командант на руските сили во Украина пред само три месеци, по серијата контраофанзиви на украинската војска кои донесоа промени на фронтот во корист на Киев.

 Суровикин, како што наведуваат од руското министерство за одбрана, сепак ќе остане заменик на Герасимов. 

Министерството соопшти дека промените се дизајнирани да ја зголемат ефикасноста на управувањето со воените операции во Украина, повеќе од 10 месеци по руската инвазија на земјата. 

Герасимов, како и министерот за одбрана Сергеј Шојгу, се соочи со остри критики од провоените воени блогери за повеќекратните неуспеси на бојното поле на Русија и неуспехот да обезбеди победа во војната што Кремљ очекуваше дека ќе биде краткотрајна. 

Руските и украинските сили се вклучени во интензивни борби околу градот Соледар во источна Украина, што, според Ројтерс, може да биде пресвртница во обидот на Москва да го заземе целиот регион Донбас. 

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ал Наср: Договорот со Роналдо не е поврзан со кандидатурата за СП2030

Следно

Сто илјади работници во јавниот сектор во Велика Британија ќе штрајкуваат на 1 февруари

Latest from Blog

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија носи побрзо движење и помалку гужви

„Одлуката за ставање во функција на системот „One Stop Shop“ на границата со Република Албанија претставува важен чекор кон модернизација на граничното управување и практично приближување на граѓаните на двете земји. ВЛЕН

Општина Битола организира втор граѓански форум за плоштадот „Гоце Делчев

Општина Битола ќе го организира вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој ќе бидат презентирани предлог-идеите за идниот изглед и уредување на овој значаен јавен простор. Форумот

Меси го испрати рекордот на Кристијано во историја, па заплака: Поминувам низ тешки денови!

Фото: ФИФА Х Лионел Меси постигна хет-трик за прв пат во историјата на Светските првенства една недела пред неговиот 39-ти роденден. Во првиот натпревар на Аргентина на Светските првенства, Меси ги постигна

Работна посета на министерот Тимчо Муцунски на Даблин, Ирска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во Даблин во рамки на работна посета на Ирска. За време на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средба со министерката
Go toTop