Сопственикот на барот што изгоре во Швајцарија излегува од затвор – судот му одреди кауција од 200.000 франци!

January 23, 2026
1 min read

Судот одреди кауција од 200.000 швајцарски франци и мерка секојдневно јавување во полициска станица за сопственикот на барот „Le Constellation“, кој заедно со сопругата е под истрага за убиство од небрежност по пожарот во кој загинаа 40 лица.

Надлежниот суд соопшти дека сопственикот на барот ќе биде пуштен на слобода по уплатата на кауцијата. Трагедијата се случи за време на новогодишната ноќ, кога во пожарот во барот животот го загубија 40 лица, а повеќе од 100 беа повредени, јавува Ројтерс.


Жак Морети и неговата сопруга Џесика се осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои и убиство од небрежност. Морети беше приведен на 9 јануари поради опасност од бегство.

Како дел од мерките за обезбедување на неговото присуство во постапката, судот покрај кауцијата одреди и обврска за секојдневно јавување во полиција. Од судот информираат дека двајцата осомничени изразиле жалење поради трагичниот настан и најавиле целосна соработка со обвинителството.


Швајцарските обвинители претходно соопштија дека биле спроведени две детални сослушувања со сопствениците на барот, кои засега се единствените осомничени во истрагата. Секое сослушување траело повеќе од десет часа и било фокусирано на прашања поврзани со безбедносните стандарди и преуредувањето на објектот.

Обвинителството дополнително информираше дека биле извршени претреси, прибрани релевантни докази и запленет одреден имот во рамки на истрагата за утврдување на одговорноста за една од најтешките трагедии во земјата во последните години.


Извор: tv21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Панова: ДУИ денес со гласот против „Безбеден град“ покажа дека не ги слуша граѓаните и затоа се во опозиција, а таму треба да останат

Следно

Средба Омерагиќ – Исаку за време на подготовките на Струга ТЛ

Latest from Blog

„Фараоните“ ги запреа „Црвените ѓаволи“: Белгија и Египет поделија по бод (ВИДЕО)

фото: Belgian Red Devils (X) Фудбалските репрезентации на Белгија и Египет ги поделија бодовите во првото коло од Групата „Г“  играјќи нерешено, 1:1 на стадионот во Сиетл. Белгијците ја имаа улогата на

ЕУ подготвува ново правило: Новите членки без право на вето до 15 години по приемот

Европската комесарка Марта Кос најави можност новите членки на ЕУ привремено да останат без право на вето во клучни области како надворешната политика, безбедноста и буџетот. Европската Унија размислува за воведување нови
Go toTop