Хоџа-Зомер: Швајцарија силен и долгорочен партнер во заштитата на животната средина

January 22, 2026
1 min read

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Конфедерацијата Швајцарија во Република Македонија, Н.Е. Кристоф Зомер, на која беа разменети мислења за тековната и идната билатерална соработка во областа на животната средина.

На средбата, министерот Хоџа изрази искрена благодарност за континуираната и значајна поддршка што Швајцарија ѝ ја дава на државата повеќе од три децении, нагласувајќи дека таа е еден од најголемите билатерални донатори и клучен партнер во реформските процеси, особено во секторите води, управување со отпад, природа и климатска отпорност.

Беа разгледани тековните проекти поддржани од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), меѓу кои проектите за интегрирано управување со цврст отпад, управување со подземни води, заштита на биодиверзитетот и екосистемите, како и зајакнување на отпорноста и ефикасноста на комуналните претпријатија.

Министерот Хоџа ја потврди заложбата на Министерството за понатамошно продлабочување на соработката со Швајцарија, во насока на усогласување со европските стандарди, одржливо управување со природните ресурси и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Амбасадорот Зомер ја реафирмираше поддршката на Швајцарија за реформските процеси во Северна Македонија и изрази подготвеност за продолжување на партнерството преку Програмата за соработка 2025-2028.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ЛШ: Ова е табелата по 7.коло, само Арсенал е максимален(ФОТО)

Следно

Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани, МБИ10 со пад од 0,60%

Latest from Blog

„Фараоните“ ги запреа „Црвените ѓаволи“: Белгија и Египет поделија по бод (ВИДЕО)

фото: Belgian Red Devils (X) Фудбалските репрезентации на Белгија и Египет ги поделија бодовите во првото коло од Групата „Г“  играјќи нерешено, 1:1 на стадионот во Сиетл. Белгијците ја имаа улогата на

ЕУ подготвува ново правило: Новите членки без право на вето до 15 години по приемот

Европската комесарка Марта Кос најави можност новите членки на ЕУ привремено да останат без право на вето во клучни области како надворешната политика, безбедноста и буџетот. Европската Унија размислува за воведување нови
Go toTop