Божиновска: Министерството за енергетика не се меша во работата на АД ЕСМ

January 21, 2026
1 min read

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини нема влијание и по ниеден основ не се меша во работата на АД ЕСМ бидејќи е акционерско друштво и е директно под Владата, истакна денеска ресорната министерка Сања Божиновска одговарајќи на прашање на пратеникот Амар Мециновиќ од Левицата.

На собраниската седница за пратенички прашања таа појасни дека Министерството прави стратегии, носи закони и нови мрежни правила фокусирајќи се на МЕПСО, компанија, која како што нагласи, е под Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Истакна дека свикала координативни состаноци и првпат вовеле исклучување на фотоволтаиците заради балансирање и сигурност на системот.

– Што се однесува до АД ЕСМ, ние првпат направивме план за 2025 година. Имаме план за сите енергетски објекти, а до крајот на 2026 година има план, првпат со физибилити-студија и сите можни информации – истакна Божиновска.

 

Во однос на енергетската сиромаштија, таа појасни дека првпат е дефинирана со закон и оти прават регистер во соработка со ЕВН и Министерството за социјална политика, демографија и млади, во кој ќе биде дефинирано кои се енергетски сиромашни граѓани. Потсети и на субвенциите во износ од 1.000 денари од сметка за сиромашните, како и ваучерите за клима-уреди.

На обвинувањето на Мециновиќ дека ништо не било направено во енергетскиот сектор, Божиновска посочи дека за да се изгради енергетски објект, потребен е период во кој ќе се изработи елаборат за животна средина и издавање соодветни дозволи.

– За да се изгради енергетски објект, најпрвин потребни се дозволи од министерствата за транспорт и за животна средина и просторно планирање и тоа е еден долг период. Прашајте колку е потребно само да се направи елаборат за животна средина, што значи дека за една и пол година нема никаква шанса да се изгради нешто. Меѓутоа, со планот за 2026 година има многу енергетски објекти, кои првпат се во државна сопственост – истакна Божиновска.

За минусната состојба на АД ЕСМ, појасни дека доколку компанијата ја продава електричната енергија по берзанска цена, ќе има позитивни финансиски резултати. Ниската цена по која му ја продава струјата на универзалниот снабдувач „ЕВН хоум“, како што рече, е за да немало ценовни шокови за граѓаните.

– Најголемиот минус на ЕСМ доаѓа од тоа што му дава струја за 65 евра на „ЕВН хоум“, а моментно цената на електричната енергија на берза е 160 евра за вчера, што значи 300 проценти поскапо. Ако ЕСМ отиде на слободен пазар и ги продаде овие количини, тогаш ќе има многу позитивна финансиска работа и резултати. Меѓутоа, ЕСМ, наместо да продава за над 100 евра, ја дава енергијата на универзалниот снабдувач – појасни Бижиновска.

Универзалниот снабдувач, нагласи, е избран од Регулаторната комисија за енергетика во согласност со законот, кој е донесен од пратениците во Собранието.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Пенант: Џерард смета дека треба да му дадеме време на Слот

Следно

Кој е ликот со прекар ПОКРОВИТЕЛ – ШЕФ НА БАЛКАНСКИОТ НАРКО КЛАН?

Latest from Blog

Меси го испрати рекордот на Кристијано во историја, па заплака: Поминувам низ тешки денови!

Фото: ФИФА Х Лионел Меси постигна хет-трик за прв пат во историјата на Светските првенства една недела пред неговиот 39-ти роденден. Во првиот натпревар на Аргентина на Светските првенства, Меси ги постигна

Работна посета на министерот Тимчо Муцунски на Даблин, Ирска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во Даблин во рамки на работна посета на Ирска. За време на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средба со министерката

Килијан е ЧУДО: Мбапе го урна рекордот на Жиру, сега е блиску и до оној на Клосе!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Ѕвездата на француската репрезентација, Килијан Мбапе, го престигна Лионел Меси по бројот на постигнати голови на Светските првенства. Ова стана факт откако напаѓачот постигна два гола во натпреварот од првото коло

Нова експлозија на Блискиот Исток – Израел прави драматичен потег

Смотрих рече дека многу одговорности во поделениот град Хеброн на Западниот Брег и неговите свети места, вклучувајќи го и Гробот на патријарсите, или Авраамовото светилиште, повеќе нема да бидат под палестинската општинска
Go toTop