Преспанското јаболко доби заштитена географска ознака со која се потврдува неговата автентичност

March 17, 2023
1 min read

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски потпиша 17 решенија на прозиводители на праспанско јаболко, кои успешно ја поминаа верификацијата и ќе можат непречено да го користат заштитениот географски назив „Преспанско јаболко“.

-Со заштитата на „Преспанско јаболко“, географскиот назив се заштитува од имитација, злоупотреба и лажно декларирирање. Всушност се заштитува угледот и автентичоста на овој произод. Потрошувачите кои ќе видат производ јаболко што ја носи оваа ознака, можт да бидат сигурни дека ќе конзумираат автенитечен производ од Преспанскиот регон со загарантиран квалитет, наведува МЗШВ.

Врз основа на член 148 став 1 од Законот за квалитетот на земјоделските производи, Земјоделската задруга ЗЗ Преспанка – преспанско јаболче од Ресен, кон крајот на 2021 година поднесе барање за регистрација на географска ознака до Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство. За таа цел се формираше Стручна комисија за спроведување постапка за регистрирање на заштитена географска ознака – Преспанско јаболко.

-Стручната комисија во целост ја запази постапката за регистрација при што донесе две одлуки: дека барањето, ревидираниот елаборат и пропратната документација за регистрирање на заштитена географска ознака – Преспанско јаболко се основани и дека предлог контролниот план изработен од страна на Државниот инспекторат за земјоделство за верификација на соодветноста на производот со елаборатот е основан. Врз основа на горенаведените одлуки, министерот за земјоделство донесе одлука за одобрување на контролниот план, како и Решение за регистрација на заштитена географска ознака – Преспанско јаболко, информира МЗШВ.

Државниот инспекторат за земјоделство, согласно одобрениот контролен план, изврши верификација на соодветност на лице место на површините со јаболка кај секој поединечен член на земјоделската задруга ЗЗ Преспанка – Преспанско јаболче од Ресен и достави Извештај за завршена верификација врз онсова на кој министерот потпиша 17 решенија на прозиводители на праспанско јаболко, кои во иднина ќе можат непречено да го користат заштитениот географски назив.

-Ова е голем успех. Министерството останува отворено за поддршка на сите кои сакаат да го заштитат својот производ со некоја од ознаките за квалитет: заштитена географска ознака, ознака за потекло и загарантиран традицонален специјалитет, истакнува МЗШВ. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАТО денеска одлучува каде ќе биде инвестицискиот фонд на Алијансата

Следно

Ѓукановиќ: Вонредни парламентарни избори на 11-ти јуни

Latest from Blog

Канада ќе го урне училиштето, во кое се случи масакр

Одлуката за уривање на средното училиште е донесена по состаноците на училишниот одбор со жртвите, членовите на семејствата и локалната заедница, објави премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби. „Сакаме да се осигураме

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја
Go toTop