Проданоски: Лука Најдоски е гордост на Прилеп и доказ дека младите имаат светска иднина

January 16, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати јавна честитка до шеснаесетгодишниот Лука Најдоски, актуелен светски јуниорски шампион во воздухопловно моделарство, нагласувајќи дека неговиот успех е гордост не само за Прилеп, туку и за државата.

Лука Најдоски, член на воздухопловниот клуб „Фил Феникс“, го освои првото место на Светскиот куп во категоријата Ф1А – едрилици, во силна јуниорска конкуренција од целиот свет. Дополнително, тој се наоѓа и на 13. место на светската сениорска ранг-листа за 2025 година, што, според Проданоски, е редок и исклучителен спортски успех за толку млад спортист.

Проданоски истакна дека Најдоски моментално се школува во Воздухопловната академија во Белград, на смер за авиотехничари, дефицитарна и значајна професија, и дека неговата посветеност и визија за иднина во воздухопловството се пример за младите.

Посебни честитки беа упатени и до братот на Лука, Дино Најдоски, кој исто така е активен и успешен во воздухопловното моделарство, како дел од спортска семејна приказна што го промовира Прилеп на меѓународно ниво.

Градоначалникот најави дека Прилеп ова лето ќе биде домаќин на Светското јуниорско и Европското сениорско првенство во воздухопловно моделарство, кои ќе се одржат од 26 јули до 2 август на теренот во селото Веселчани, со учество на околу 45 репрезентации и над 450 натпреварувачи од целиот свет.

„Ваквите млади луѓе се нашиот најголем капитал и доказ дека вложувањето во спортот и знаењето носи врвни резултати“, порача Проданоски.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шок на “Итихад“: Пеп во јуни си оди, познати се можните наследници?!

Следно

Сиљановска Давкова: Европските интеграции ни се високо на агендата

Latest from Blog

Општина Битола: Почнуваат „Илинденски денови“ – почеток во 18:30 часот од плоштадот „Магнолија“

Општина Битола и Интернационалниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, кој се реализира во рамки на манифестацијата „Бит Фест“, ги покануваат битолчани и сите посетители на еден од највпечатливите и

Пирло нема да биде селектор на Италија, Малдини најавил оставка

ФОТО: FC Juventus/FB Андреа Пирло нема да биде назначен за селектор на италијанската репрезентација. Веста денеска ја објави „Скај Спорт“. Сите состаноци поврзани со раскинувањето на тековниот договор на тренерот и последователното

Витаминка донираше флаширана вода за граѓаните на Гостивар

Како одговор на актуелната криза со водоснабдувањето во Гостивар, Витаминка испорача донација од околу 23 тони флаширана вода, наменета за граѓаните кои се соочуваат со недостиг од безбедна вода за користење. Откако

Најмалку тројца загинати во масовна пукотница во Сиетл, повредено и дете (ВИДЕО)

Меѓу повредените е и двегодишно дете, а полицијата потврди дека истражува инцидент со повеќе жртви и ги замоли граѓаните да ја избегнуваат областа, пишува Би-Би-Си. Тројца мртви, пет повредени Противпожарната служба на Сиетл
Go toTop