Шок на “Итихад“: Пеп во јуни си оди, познати се можните наследници?!

January 16, 2026
1 min read
ФОТО: Manchester City/FB

Дали е можно? Иако има договор со Манчестер Сити до јуни 2027, и иако во неколку наврати самиот истакнуваше дека набрзо нема намера да го напушти “Итихад“, сепак дали е баш така. Последните вести од Островот велат дека Пеп Гвардиола по завршувањето на сезоната си оди од Манчестер Сити. Гласините за изненадувачкото заминување на легендарниот тренер следното лето продолжуваат, а сега има информации за тоа кој треба да го замени на клупата на тимот од “Итихад“.

Иако челниците на Манчестер Сити немаат ништо против Гвардиола да биде на чело на нивниот тим следната сезона, се чини дека Шпанецот е оној кој смета дека е дојдено време за промени. Моментално, Манчестер Сити е втор на табелата во Премиер лигата, шест бода зад лидерот Арсенал.
Покрај тоа, тие се во игра за освојување на Карабао Купот, Лигата на шампионите и ФА Купот. Минатата сезона беше вистинско разочарување за Гвардиола и навивачите на Манчестер Сити, но тренерот доби целосна поддршка.
Тој има уште 18 месеци од неговиот тековен договор, но разговорите за рано заминување продолжуваат да се појавуваат од сите страни.

Постојат четири потенцијални кандидати, но еден е рангиран подобро од другите.
Поранешниот менаџер на Челзи, Енцо Мареска, е на оваа листа, како и менаџерот на Арсенал, Микел Артета.
Дополнително, тука е и легендата на клубот, Винсент Компани, кој врши феноменална работа во Баерн и кој е исто така омилен кај челниците на тимот од „Итихад“. Сепак, еден кандидат е пред споменатото трио, а тоа е сегашниот тренер на Борнмут, Ираола. Приказната е дополнително поттикната од фактот дека договорот на Ираола истекува на крајот од сезоната, а тој ги стави преговорите за продолжување на договорот на чекање до летото.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, сега не треба да има предвремени избори

Следно

Проданоски: Лука Најдоски е гордост на Прилеп и доказ дека младите имаат светска иднина

Latest from Blog

Најмалку тројца загинати во масовна пукотница во Сиетл, повредено и дете (ВИДЕО)

Меѓу повредените е и двегодишно дете, а полицијата потврди дека истражува инцидент со повеќе жртви и ги замоли граѓаните да ја избегнуваат областа, пишува Би-Би-Си. Тројца мртви, пет повредени Противпожарната служба на Сиетл

Судијата згрозен: Му ја зголеми кауцијата на маж од Тексас кога дозна каков злостор направил кон бебе (ВИДЕО)

Судските документи покажуваат дека Брендон Лефлер, 46, е обвинет за кривично дело злоупотреба на деца во врска со инциденти што се случиле во септември 2024 година во Бомонт, Тексас. Лефлер бил уапсен

Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Денеска (26.07.2026) од страна на Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен е претрес на дом и други

Арсенал не жали пари: Винисиус на „Емирати“ ќе биде најголемиот трансфер во 21. век

ФОТО:facebook.com/RealMadrid/ Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, заработува 400.000 фунти неделно, а шампионите на Премиер лигата се подготвени да му понудат уште подобри услови. Лондончани се подготвени на сè за да ги
Go toTop