Кулеба: Државите кои не ја поддржуваат сега Украина, ќе платат во иднина

March 17, 2023
1 min read

Државите кои ја малтретираа Украина ќе одговараат кога војната ќе заврши, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Шефот на украинската дипломатија истакна дека Киев ќе ги земе предвид одлуките на секоја земја од почетокот на инвазијата на Русија при донесувањето на идните одлуки, пишува Би-Би-Си.

Кулеба, исто така, предупреди дека одложувањето на испораката на оружје од Запад „ги чини Украинците животи“ и дека „кога една испорака се одложува за само еден ден, тоа значи дека некој ќе го загуби животот на фронтот“.

Тој објасни дека земјите кои не ја поддржуваат Украина сега, а го „малтретираа“ Киев за време на војната, „скапо ќе плаќаат во иднина“.

Западните земји силно се обединија во поддршка на Украина, но многу земји во Африка, Азија и Јужна Америка останаа на страна.

– Ако некој во светот мисли дека начинот на кој една земја се однесувала или како ја третирала Украина во најтемниот момент од нејзината историја нема да биде земен предвид при градењето на идните односи, тој едноставно не знае како функционира дипломатијата, рече Кулеба.

Тој се осврна на борбите околу украинскиот град Бахмут и посочи дека тоа е од големо значење бидејќи за Русија неговото освојување би значело отворен пат кон другитеукраински градови.

– Секоја војна завршува на преговарачка маса. Мојата цел како министер за надворешни работи е да се погрижам Украина да стигне на масата по решавачкиот успех на бојното поле, рече шефот на дипломатијата.

Кулеба појасни дека тоа значи градење на најсилни можни коалиции за поддршка и сојузи во кои, како што вели, моментално не е вклучен поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

– Длабоко жалам што папата Франциск не сметаше дека е соодветно да ја посети Украина од почетокот на војната, рече тој.

Осврнувајќи се на најавената посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва, Кулеба рече дека не мисли оти Пекинг е „подготвен да започне со вооружување на Русија“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Курти не ја прифаќа одлуката на Уставниот суд на Косово за декретот на Тачи

Следно

Муцунски: Добив информации дека е уапсен наставник од „Александар Македонски“

Latest from Blog

Американскиот претседател Трамп објави дека Индија и Пакистан се договориле за прекин на огнот

АНКАРА (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Индија и Пакистан се согласиле за целосен и моментален прекин на огнот по разговорите водени со посредство на неговата земја, известува Анадолу. Претседателот

„Загревање“ пред трката за локални избори, официјално дел од имињата ќе бидат познати во јуни

На само пет месеци пред одржувањето на локалните избори, политичките партии се уште не ги откриваат своите адути во трката за градоначалници. Во ВМРО-ДПМНЕ се уште трае процесот на сондирање за можните

Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

„Функциите се минливи, но вредностите остануваат“ – вели потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, во интервју за Фронтлајн, нагласувајќи дека борбата за еднаквост, социјална правда и европски вредности не смее да зависи од

Најмалку 7 лица, од кои 5 се од исто семејство, се убиени во израелски напади врз Газа

ГАЗА (АА) – Седум Палестинци, од кои петмина од исто семејство, се убиени во нападите на Израел врз Појасот Газа, известува Анадолу. Според информациите добиени од здравствени извори, мајката, таткото и нивните
Go toTop