Кинескиот претседател следната недела во тридневна посета на Москва

March 17, 2023
1 min read

За време на разговорите ќе бидат разгледани актуелните прашања за понатамошен развој на сеопфатните партнерски односи и стратешката соработка меѓу Русија и Кина, соопшти Кремљ

Кинескиот претседател Си Џинпинг од 20 до 22 март ќе престојува во официјална посета на Русија, на покана на неговиот руски колега Владимир Путин, соопшти денеска Кремљ.

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот кинески колега Си Џинпинг/Фото: Архива

Посетата на Си доаѓа откако Кина се понуди да посредува во постигнувањето мир во Украина, што од страна на Западот беше дочекано со скептицизам имајќи ја предвид поддршката на Пекинг за Русија.

„За време на разговорите ќе бидат разгледани актуелните прашања за понатамошен развој на сеопфатните партнерски односи и стратешката соработка меѓу Русија и Кина“,

соопшти Кремљ.

Во соопштението се додава дека за време на посетата ќе бидат потпишани голем број важни билатерални документи.

Кина и Русија во февруари 2022 година склучија партнерство „без ограничувања“, за време на посетата на рускиот претседател на Пекинг на отворањето на Зимските олимписки игри, неколку недели пред Русија да ја нападне Украина.

Оттогаш двете страни продолжија да ја потврдуваат силата на нивните врски.

Трговијата меѓу двете земји бележи зголемување по инвазијата врз Украина, а Кина е најголемиот купувач на руска нафта и клучен извор на приходи за Москва.

Кина никогаш не ја поддржа или јавно не ја критикуваше руската офанзива и постојано ја изразува својата поддршка за Москва во врска со западните санкции.

На 10 март кинескиот претседател Си Џинпинг обезбеди трет петгодишен претседателски мандат откако речиси 3 000 члена на кинескиот парламент му ја дадоа поддршката.

Лани во октомври на Џинпинг му беа доделени уште пет години како шеф на кинеската комунистичка партија и на војската – двете позначајни лидерски позиции во кинеската политика.

Почетокот на неговиот трет претседателски мандат доаѓа кога Кина, втората по големина економија во светот, се соочува со големи предизвици – од човековите права, закрепнување од политиката за нулта-ковид, слабата глобална побарувачка, кревката доверба меѓу потрошувачите и бизнисите, па сè до затегнатите односи со Вашингтон и Западот поради Тајван, како и поддршката за Русија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Градски паркинг“ со важно известување за корисниците на јавните паркиралишта

Следно

14-годишно момче познато како „Ел Чапито“ уби осум луѓе во Мексико

Latest from Blog

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова

Покетино:„Ми недостига Англија и фудбалот во Премиерлигата!“

ФОТО:.facebook.com/officialussoccer Во последните денови,селекторот на САД, Маурицио Покетино, беше поврзуван со менаџерски позиции во Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Тој призна дека му недостига фудбалот во Премиер лигата. Аргентинецот досега раководел со три
Go toTop