Анкета: Половина од жените научници во светот се жртви на сексуално вознемирување

March 16, 2023
1 min read

Секоја втора жена научник во светот била жртва на сексуално вознемирување на работното место во текот на нејзината кариера, покажуваат резултатите од меѓународната анкета на Ипсос за фондацијата Лореал.

Според истражувањето на околу 5.000 машки и женски научници во 117 земји, 49 отсто од женските научници рекле дека „лично се соочиле со барем една ситуација на сексуално вознемирување во текот на нивната кариера“. Речиси половина од тие вознемирувања беа по појавата на движењето „И јас“ (Me too) во 2017 година.

За 65 отсто од тие жени, таквите ситуации имаа негативно влијание врз нивните кариери.

Сепак, само една од пет жртви пријавила кај работодавачот, покажува истражувањето, во кое биле анкетирани жени од областа на науката, технологијата и инженерството, во рамките на 50 јавни и приватни институции.

Опишани се неколку ситуации. Во 25 проценти од случаите, мажите им се обраќале „несоодветно и постојано“ со прекари. Во 24 проценти од случаите имало наметливи и повторувани прашања за приватниот и сексуалниот живот. Најголем дел од злоупотребите биле на почетокот на нивните кариери, а последицата била негативно влијание врз нивната научна кариера.

Околу 52 отсто од жртвите рекле дека „избегнуваат одредени членови на персоналот“, а 25 отсто рекле дека се чувствуваат „загрозени на своето работно место“.

Околу 64 отсто од анкетираните научници (жени и мажи) се пожалиле на недоволна активност во борбата против сексуалното вознемирување на работното место.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Пожар во зградата на руската Федерална служба за безбезност во Ростов

Следно

Стојаноска до пратениците: Да се покаже човечност и да исправи огромна неправда нанесена кон осудените за настаните од 27 април на драконски казни затвор

Latest from Blog

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола

„КУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ АЛАРМИРА за ризиците од сајбер-напади и нови вируси

Нобеловецот предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да предизвика катастрофални последици преку сајбер-напади, дезинформации и развој на опасни вируси Џефри Хинтон, добитник на Нобеловата награда за физика за 2024 година, рече дека
Go toTop