Борел денеска и утре во Скопје на средби со државниот врв, а в сабота во Охрид со Вучиќ и Курти

March 16, 2023
1 min read

Во Скопје ќе се одржи состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Северна Македонија, додека во Охрид премиерот Ковачевски ќе биде домаќин на средбата помеѓу српскиот претседател и косовскиот премиер, како и претставниците на ЕУ, во рамки на дијалогот помеѓу Белград и Приштина

Photo: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Денеска во официјална посета на земјава треба да пристигне високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел.

Тој во земјава ќе биде три дена, од кои утре и задутре ќе ги помине во Скопје, а в сабота ќе биде во Охрид.

Во Скопје, како што е најавено, тој ќе ја предводи делегацијата на ЕУ на 16. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Северна Македонија, кој треба да се одржи утре, додека денеска треба да се сретне со премиерот Димитар Ковачевски.

Во неговата агенда се средби и со претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и со претседателот на Собранието Талат Џафери, заменик-претседателите, координаторите на политичките партии и претседавачи на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања при Собранието на Северна Македонија.

Од Скопје, Борел со Ковачевски ќе замине за Охрид каде што на 18 март се очекува да има продолжение на дијалогот помеѓу Белград и Приштина, а на кое ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Маја има сè помало друштво

Следно

Русија: Летовите на американските беспилотни летала се од провокативен карактер

Latest from Blog

Анџелина Џоли го смени имиџот, фановите се шокирани од новата фризура (ФОТО)

Познатата актерка моментално е во Лондон за снимањето на новиот филм „Anxious People“, а папараците ја фотографираа со светло руса кратка коса, предизвикувајќи изненадување кај нејзините обожаватели, со оглед на тоа што

Се урна авион во Денвер, има загинати

Мал комерцијален авион се урна денес и се запали недалеку од Денвер во американската држава Колорадо, а во несреќата загинаа две лица, објавија американските власти. „Несреќата се случила јужно од аеродромот „Сентенијал“

На 10 септември закажана седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР

На 10 септември е закажана седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ, кое
Go toTop