Средба на Пендаровски со претседателот на Обединетите Арапски Емирати

March 15, 2023
1 min read

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Абу Даби, оствари средба со Шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, претседател на Обединетите Арапски Емирати и Владетел на Абу Даби.

На средбата беа разменети мислења околу можностите за продлабочување на билатералните односи, интензивирање на економската соработка, актуелните меѓународни и регионални прашања, како и за надворешните приоритети и политичките состојби во двете земји.

Претседателот Пендаровски упати честитки за неговото именување за нов претседател на Обединетите Арапски Емирати и изрази уверување дека Обединетите Арапски Емирати ќе останат посветени на одржување на регионалниот и глобалниот мир и безбедност, како наши заеднички заложби.

На средбата беше констатиран позитивен развој на билатералните односи меѓу двете земји и изразено очекување дека добриот политички дијалог, мултилатералната соработка и меѓусебното почитување ќе продолжат со иста динамика и во иднина, што ќе резултира со конкретна соработка во повеќе области од заеднички интерес.

Претседателот го истакна интересот на Македонија за унапредување на економската соработка и трговската размена со Обединетите Арапски Емирати. Со цел поттикнување и унапредување на соработката меѓу бизнис заедниците, претседателот ја истакна потребата од подобрување на правната рамка меѓу двете земји и ги охрабри иницијативите за склучување на билатерални договори и спогодби за соработка во повеќе области. На средбата беше разговарано за воспоставување на директна авионска линија Скопје-Абу Даби, а беа поздравени иницијативите за поддршка на инвестициски и инфраструктурни проекти од страна на ОАЕ, кои се од стратешки интерес за Македонија и регионот на Западен Балкан.

Во рамки на официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати, претседателот Пендаровски ја посети Вахат Ал Карама – Оазата на достоинството, каде положи цвеќе и оддаде почит на мачениците и хероите на Обединетите Арапски Емирати.

Претседателот Пендаровски ја посети и Големата џамија на Шеик Зајед како едно од импозантните архитектонски дела во Обединетите Арапски Емирати, во чија градба се користени и материјали од Прилеп.

Воедно, претседателот Пендаровски ја посети и Аврамската семејна куќа, која со дизајнот и мисијата ги доловува заедничките вредности на јудаизмот, христијанството и исламот и служи како платформа и образовен центар за меѓусебно разбирање, прифаќање и толеранција.

Посетата на претседателот Пендаровски на Обединетите Арапски Емирати е прва посета на претседателско ниво. Во рамки на посетата, како дел од соработката меѓу Министерствата за надворешни работи беше потпишан и Меморандум за укинување на визите за носители на дипломатски и службени пасоши меѓу Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Претседателот на Финска утре во посета на Турција заради разговори за членството во НАТО

Следно

МВР со детали за средношколецот кој беше пронајден мртов во Скопје

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Градскиот воз ќе биде функционален за шест месеци

Градскиот воз, еден од најзначајните инфраструктурни проекти за главниот град, е во завршна фаза и ќе биде целосно функционален за шест месеци. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски,

Новата песна на Кети Пери наводно зборува за раскинувањето со Орландо Блум: „Ти беше таму, но не беше“

Во видеото, објавено на 6 ноември, Кети мие садови и фрла нешто што изгледа како веренички прстен во одводот.  Додека се обидува да го извади прстенот, таа алудира на раскинувањето со текстот:

Тоневски: „Граѓаните ни ја дадоа довербата, време е да ја оправдаме“

Во Општина Пробиштип денес беше одржана свечена церемонија на која Општинската изборна комисија (ОИК) ги додели Уверенијата за новиот градоначалник и членовите на Советот. Новоизбраниот градоначалник Тони Тоневски истакна дека овој документ

Лотарија за гробно место до познати личности во Париз

 Градот Париз оваа недела отпочна уникатна лотарија којашто на „среќните“ добитници ќе им понуди вечно почивалиште во напуштени историски гробови – до некоја позната личност, во замена за реставрација на споменикот на

Пожар во Тузла: Бројот на жртви се искачи на 13, истрагата откри сериозни пропусти

Бројот на жртвите од катастрофалниот пожар во Домот за стари лица во Тузла се искачи на 13, откако синоќа во 23:01 часот во Универзитетско-клиничкиот центар (УКЦ) Тузла почина уште една пациентка која
Go toTop