Студентите најавија блокади низ Скопје: Негрижата на МОН нè принудува со протести да си ги бараме своите права

March 15, 2023
1 min read

Студентите се незадоволни од, како што велат, континуираната негрижа од страна на МОН и непочитувањето на законските рокови за исплата на средствата за субвенциониран студентски оброк и за стипендија. Незадоволни се и од, според нив, нетранспарентните преговори по однос на новиот закон за студентски оброк и велат оти засега немаат никакви официјални информации како би се одвивала зголемената исплата од, како што велат, „неверојатни 140 денари“ на дневно ниво

Студентите ќе излезат на секојдневни протести и ќе ги блокираат булеварите низ главниот град ако Министерството за образование и наука (МОН) не ги исполни ветувањата кон нив, најави студентското движење Студентски отпор – истото движење кое ги иницира студентските протести за подобрување на студентскиот стандард во ноември минатата година.

Фото: Студенстски отпор

Студентите се незадоволни од, како што велат, континуираната негрижа од МОН и непочитувањето на законските рокови за исплата на средствата за субвенциониран студентски оброк и за стипендија.

„Постојано се доцни со исплата на субвенциониран студентски оброк. Според законот, МОН е задолжен на секој први од новиот месец да исплаќа средства (околу 2500 денари) за претходниот месец, а студентите минатата недела ги примија средствата за јануари. Најнова информација од МОН е дека до 15 март сите средства ќе бидат исплатени и сите сметки подмирени. Сакаме да веруваме дека е тоа така, иако согласно досегашното искуство не можеме да бидеме оптимисти и да им веруваме на збор“,

се вели во објавата на студентското движење.

Студентите се незадоволни и од, според нив, нетранспарентните преговори по однос на новиот закон за студентски оброк и додаваат оти засега немаат никакви официјални информации како би се одвивала зголемената исплата од, како што велат, „неверојатни 140 денари“ на дневно ниво.

Додаваат дека МОН доцни и со исплатата на стипендиите – како за оние кои аплицираат по првпат, така и за оние кои ја продолжуваат стипендијата, а незадоволство изразија и поради сè уште незапочнатата реконструкција на студентските домови која МОН ја најави за почетокот на годинава.

„МОН преку својата континуирана негрижа ги принудува студентите повторно со протести и радикализација да си ги бараат своите права“,

порачаа од Студентски отпор.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стојаноски: Обвинителите треба да се постапат веднаш по аферата поврзана со надзор на изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10Д – во спротивно ќе треба да објаснат зошто молчеле за скандалите поврзани со Груби и Ковачевски

Следно

Интересен лик: Овој скопјанец знае над 5.000 вицеви и редовно медитира

Latest from Blog

Божиновска: Поддршката од САД е значајна за реформите во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската
Go toTop