Компанијата „Мета“ укинува уште 10 000 работни места

March 14, 2023
1 min read

Мислам дека треба да се подготвиме за можноста оваа нова економска реалност да продолжи уште многу години. Најновите кратења на работни места доаѓаат кога компаниите, вклучувајќи ги „Гугл“ и „Амазон“, се борат со тоа како да ги балансираат мерките за намалување на трошоците со потребата да останат конкурентни, вели извршниот директор на Мета

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

„Мета“, компанијата која ги поседува Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, објави дека планира да отпушти 10 000 работници. Тоа ќе биде втор бран масовни отпуштања од технолошкиот гигант, кој отпушти 11 000 вработени во ноември минатата година. Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, рече дека намалувањата ќе бидат „сериозни“.

Закерберг им потврди на вработените дека, заедно со кратењето на 10 000 работни места, 5 000 слободни работни места во компанијата ќе останат непополнети. Во писмото, тој им рекол на вработените дека верува оти компанијата доживеала „повик за будење“ во 2022 година кога доживеала драматично забавување на приходите, пишува Би-Би-Си.

„Мета“ претходно објави дека заработката паднала за четири отсто на годишно ниво во трите месеци до декември 2022 година, иако сепак успеала да оствари профит од повеќе од 23 милијарди долари во текот на минатата година. Закерберг ги наведе повисоките каматни стапки во САД, глобалната геополитичка нестабилност и зголемената регулатива како некои од факторите кои влијаат на забавувањето на компанијата.

„Мислам дека треба да се подготвиме за можноста оваа нова економска реалност да продолжи уште многу години. Најновите кратења на работни места доаѓаат кога компаниите, вклучувајќи ги ‘Гугл’ и ‘Амазон’, се борат со тоа како да ги балансираат мерките за намалување на трошоците со потребата да останат конкурентни“,

додаде тој.

„Амазон“ објави претходно оваа година дека планира да укине повеќе од 18 000 работни места поради „неизвесната економија“ и брзото вработување за време на пандемијата, додека матичната компанија на Гугл „Алфабет“ отпушти 12 000 работници. Според layoffs.fyi, кој ги следи загубите на работни места во технолошкиот сектор, повеќе од 128 000 работни места се укинати во технолошката индустрија досега во 2023 година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Истражување: За четири години зголемено задоволството од животот во Словенија

Следно

Кавадарчани исплашени: Човек облечен во бела мантија игра и фрла камења (ВИДЕО)

Latest from Blog

Кражба “тешка“ 5 милиони евра во електровлечната подстаница Драчево

Кражба тешка пет милиони евра се случила во електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, соопштуваат од министерствто за транспорт.. Оттаму велат дека при кражбата е предизвикано целосно уништување

Општина Битола: 15,5 милиони денари за нови спортски терени во ОУ „Даме Груев“

Во тек е обновата на спортските игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“ во Битола, со што учениците ќе добијат подобри услови за спорт, физичко образование и рекреација. Како што информира Општина

Куба го враќа ударот: Формирале тајна мрежа на шпиони и активисти на универзитетите во САД

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, рече дека извештајот има за цел да го разоткрие она што тој го опиша како децениска кампања на Хавана против Соединетите Држави. „Повеќе од шест децении,

Ќе се прави финансиско вештачење на документи од општина Гостивар и ЈП Комуналец

Финансиската документација од општина гостивар, тендерите за набававка на хлор распишани пред јавнсота да дознае за еподемијата, наредбите и комуникацијата меѓу општината и ЈП Комуналец Гостивар, нивните документи, но и извештаите од
Go toTop