Околу 1.000 израелски писатели и академици ги повикаа Германија и Велика Британија да ја откажат посетата на Нетанјаху

March 14, 2023
1 min read

АЛ КУДС (ЕРУСАЛИМ) – Повеќе стотици израелски писатели, автори и академици денес ги повикаа Германија и Велика Британија да ги повлечат поканите упатени до премиерот Бенјамин Нетанјаху и да ја откажат неговата посета на двете европски земји, пренесува Анадолу.

„Имајќи го предвид опасното и деструктивно водство на Бенјамин Нетанјаху, и противењето на голем број израелски граѓани на законодавните потези и разградбата на државните институции во неговите раце, бараме од Германија и Велика Британија да го известат обвинетиот Нетанјаху за итно откажување на неговите планирани политички посети на вашите земји“, се вели во писмото што го потпишаа околу 1.000 израелски писатели и академици.

Како што наведуваат во писмото, Израел се наоѓа во „најакутна криза, најлоша во својата историја, во забрзан и опасен процес на преобразување на земјата од просперитетна демократија во теократска диктатура“.

Нетанјаху в четврток во Берлин би требало да се состане со германскиот канцелар Олаф Шолц, по што е планирана посета на Лондон.

Последните два месеца, илјадници Израелци излегоа на улица во знак на протест против плановите на Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху поврзани со реформите во судството.

Реформите, што ги предложи министерот за правда Јарив Левин, претставуваа најрадикална измена некогаш спроведена во системот на власта во Израел.

Предложената реформа сериозно би ги ограничила овластувањата на Врховниот суд за правда, би ѝ овозможила на Владата да бира судии и да го финализира именувањето на правните советници во Министерството од страна на државниот обвинител.

Меѓутоа, Нетанјаху, на кого му се суди за корупција, тврди дека неговиот план за реформи во судството би ја унапредил демократијата во Израел.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почнуваат поединечните нарачки и испораки на турскиот автомобил ТОГГ, одредена е и цената

Следно

Општина Аеродром продолжува со поддршката за народната кујна во црквата „св. Никола“

Latest from Blog

Полувреме: Шпанија – Аргентина 0:0! Премногу тактика, и игра без ризик!

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Аргентина 0:0 по првото полувреме од големото финале на Мундијалот кое се игра на “МетЛајв“ во Њу Џерси. Светот очекуваше спектакл, но засега нема ништо од тоа. Шпанија очекувано

Шокантни тврдења од Израел: Каде е иранскиот врховен лидер?

Неименуван израелски безбедносен извор, цитиран од саудиската државна телевизија „Ал-Хадат“, тврди дека иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, „не се наоѓа во Иран“. Моџтаба Хамнеи, кој беше именуван за врховен верски
Go toTop