Болни од цистична фиброза уште чекаат на лекот кој спасува живот: „Трикафта“ во Македонија има само за 8 лица!

March 13, 2023
1 min read

Уште колку време ќе ја чекаат „Трикафта” пациентите со цистична фиброза кои не се итни случаи ? Освен за осуммината за кои е обезбеден лекот, се чека и за уште четворица кои се во потешка состојба.

До каде е процедурата за набавка за нив, не се знае. Советникот за здравство на премиерот д-р Ана Данева Маркова очекува дека брзо ќе се усвојат законските измени за да може државата да купува „Трикафта” директно од единствениот производител.

Предлог законите се доставени во Собрание, ама официјалната процедура за измените, не е започната.

-Во соработка со поголем број на експерти, законски измени што оваа недела се во собраниска процедура, поточно на 16 март. Се надевам и интенцијата е во што пократок рок да бидат усвоени законските измени што предвидуваат измени во два закона. Законот за лекови и законот за здравствено осигурување. Што побрзо се усвојат законските измени, толку побргу пациентите ќе имаат поедноставна и побрза достава на сите лекови, изјави Данева Маркова.

Измените не ги опфаќаат само пациентите со цистична фиброза, туку и сите групи на пациенти за коишто се набавува терапија на овој начин.

Инаку, од осумтемина за кои сега има лек, седум се возрасни над 18 години, а едно е дете. Шест пациенти ја примаат терапијата на Детската клиника, додека две пациентки кои се во ризична состојба лековите ќе мора да ги примаат во болница и се хоспитализирани на Клиниката за пулмологија.

На лекот „Трикафта” како спас за нивниот живот се надеваат околу 130 пациенти со цистична фиброза.

 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џентилони: Пропаѓањето на СВБ не е директна закана за европските банки

Следно

Видиќ ја повлече кандидатурата за прв човек на српскиот фудбал

Latest from Blog

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала

На трибините и на теренот се чудеа, но судијата за овие фаули досуди четири пенали на Македонија У21 – Русија У21 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 2:3 од врсниците од Русија во пријателски меч кој се играше во Скопје. Дуелот ќе се памти по четирите пенали кои беа досудени, по
Go toTop