Фајзер инвестираше 43 милијарди долари во борбата против ракот

March 13, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Американската фармацевтска компанија Фајзер ја купи биотехнолошката компанија Сиген за да го прошири своето портфолио за лекување на рак, јавува Анадолу.

Во соопштението на Фајзер се наведува дека глобалната биотехнолошка компанија Сиген е купена за речиси 43 милијарди долари во оперативна вредност или 229 долари во готово по акција.

Се додава дека откупот бил одобрен од управните одбори на двете компании.

Како што се наведува во соопштението, очекуваат по купувањето на компанијата Сиген, приходите на Фајзер во 2030 година да се зголемат за повеќе од 10 милијарди долари.

Фајзер моментално има портфолио од 24 одобрени иновативни лекови против рак, вклучувајќи ги и најпродаваните лекови и третмани против рак на дојка и рак на простата.

Во соопштението се наведува дека со купувањето на компанијата Сиген, Фајзер значително ја зацврстила својата позиција во оваа област.

Фајзер е американска мултинационална фармацевтска и биотехнолошка корпорација со седиште во Менхетен, Њујорк.

Компанијата е основана во 1849 година во Њујорк од двајца германски претприемачи, Чарлс Фајзер и неговиот братучед Чарлс Ф. Ерхарт.

Фајзер развива и произведува лекови и вакцини за имунологија, онкологија, кардиологија, ендокринологија и неврологија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По само една сезона, Рафиња ќе си замине од Барселона

Следно

Крвава тепачка во затворот Идризово, меѓу насилниците биле и осудени за „Диво Насеље“

Latest from Blog

Дубаи од туристички рај се претвори во град на духови

По серијата ирански ракетни и беспилотни летала напади, илјадници странски работници, туристи и инфлуенсери го напуштија Дубаи, додека плажите, хотелите и рестораните се речиси празни, објави Дневно. Дубаи со децении е симбол

Андоновска: Функциите претставуваат одговорност и патриотизам, се случуваат кадровски освежувања

Минатиот месец, Марија Андоновска беше реизбрана за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Си постави задача да работи посветено, одговорно, да се работи на градење на држава и институции кои ќе им

Tрендафилов: Иако протестите беа организирани на претходната влада, новата го одби предлогот

Минималната плата од 600 евра е реална потреба на работниците и произлегува од вредноста на синдикалната кошница, изјави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов во дебатата „Топ Тема“.
Go toTop