Мат Таиби за злосторничкото здружување „Влада, НВО-а и медиуми“

March 13, 2023
2 mins read

Јас сум Мат Таиби, новинар и репортер веќе 30 години и посветен поборник на Првиот амандман. Многу од тоа време минав во магазинот Ролинг Стоун; јас не сум таканаречен новинар, имам добиено национални награди за новинарство и имам напишано 10 книги, вклучително 4 бестселери на Њујорк Тајмс. Сега сум уредник на онлајн магазин на независната платформа Сабстак.

Денеска сум овде заради серија настани кои започнаа на крајот на минатата година, кога добив порака од онлајн извор. Пишуваше: Дали си заинтересиран да навлезеш подлабоко во тоа какви манипулации и цензура се случуваат во Твитер?  Една недела подоцна излезе првиот дел од она што ќе стане познато како „Фајловите на Твитер“ (види: Маск и Таиби го откриваат валканите тајни на Твитер). Малку е да се каже дека тоа привлече силен јавен интерес. Компјутерот ми светеше како џекпот машина во Лас Вегас, само првиот твит за блокирање на веста за лаптопот на Хантер Бајден беше виден 143 милиони пати. 

Но дури една недела подоцна, откако Мајкл Шаленбергер (види: Твитер на платен список на ФБИ), Бери Вајс (види: Тајните црни листи на Твитер)  и други истражувачи ги објавија своите извештаи, почнавме да ја сфаќаме значајноста на оваа приказна.

Првичната премиса на интернетот е дека може глобално да ја демократизира размената на информации. Слободниот интернет може да ги прескокне сите пречки за слободен проток на информации и затоа е суштинска закана за секоја анти-демократска власт, каде и да била. 

Она што го најдовме во фајловите е сериозен обид да се сузбие таквото ветување и со помош на машинско учење и други алатки, интернетот да се претвори во инструмент за цензура и социјална контрола на општеството. За жал, се чини дека главната улога ја имала нашата влада.

Комуникации меѓу извршни службеници во Твитер и луѓе од владата има и пред изборите во 2020 година. Пораки за тоа кој треба да биде етикетиран, чиј твит треба да се гледа како дезинформација… цел Ексел полн со имиња чии акаунти често беа набрзо суспендирани.

Се работи за десетици илјади имиња, и од лево и од десно, некои од нив поддржувачи на Трамп но и левичари, не само од САД туку и од Јужна Америка, Франција…

Тоа е клучната поента на „Фајловите на Твитер“: не се работи за проблем на левицата или десницата. Прегледувајќи десетици илјади меилови меѓу луѓе од Твитер и службеници на федералната држава, откривме неколку работи: Твитер, Фејсбук, Гугл и други компании развиле цел систем за примање барања од секој ќош на владата: од ФБИ, од департментите за безбедност, здравство, одбрана… дури и од ЦИА. За секоја владина инстанца со такви барања, постоеа уште 20 квази-приватни инстанци кои се занимаваа со истата работа, многу од нив приматели на буџетски средства.

Фокус на целата оваа мрежа бил да се создаде листа на луѓе чии мислења, убедувања и симпатии ќе бидат означени како дезинформаци (на англиски имаат и misinformation и malinformation) при што последниот термин е само еуфемизам за „вистинито, ама непријатно“.

Без сомневање, правењето вакви листи е „дигитален мекартизам“. Обични Американците не само што биле пријавувани за да не бидат слушнати или да останат без платформа, туку и компании како ПејПал, дигитални адвертајзери како Ксандр, или платформи за крауд-сорсинг како ГоуФандМи им крателе услуги на регуларни граѓани и бизниси чиј единствен криминал бил што се огрешиле од некој безличен алгоритамски судија кој не сноси никаква одговорност.

Како некој кој растел како традиционален либерал, овој механизам за казнување и изопштување без регуларна процедура ми е застрашувачки.

Уште еден проблематичен аспект е улогата на медиумите кои би требало да бидат последната линија на одбрана на граѓаните во вакви случаи, но, наместо да ги истражуваат одговорните, тие им станувале партнери.

Ако Твитер одбил веднаш да биде скинат некој акаунт, владини агенции и НВО-а ќе повикале новинари од Њујорк Тајмс, Вашингтон пост и други медиуми кои потоа ќе го опседнале Твитер со прашања зошто ништо не е превземено. Во суштина, медиумите стануваа продолжена рака  на државно спонзориран систем за „полиција на мислите“.

Ова се сериозни закани за луѓето од различни политички афинитети. Првиот амандман и навиката на американскиот народ слободно да мисли и да зборува се најдобриот одбрамбен механизам од цензурата на индустрискиот комплекс. Ако тој механизам падне, овие групи веќе никаде ќе немаат сериозен противник. А ако го изгубиме најдрагоценото демократско право, тогаш и останатите демократски права нема да бидат возможни.  

Мат Таиби, сведок на сослушување на конгресен комитет за „Фајловите на Твитер“

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Нејмар донесе одлука за својата иднина, навивачите на ПСЖ не знаат дали да се смеат или да плачат

Следно

Лидерот на групата Вагнер: Ситуацијата во Бахмут е многу тешка

Latest from Blog

Се вери Саша Ковачевиќ (ВИДЕО)

Тој ја сподели среќната вест на Инстаграм, каде што објави видео на кое се прикажани нивните заеднички моменти, вклучувајќи фотографии од двојката, а потоа и видео од запросувањето. Видеото го покажува Ковачевиќ

Ѓорѓиевски: Верата и црквата нѐ сплотуваат и ни даваат мир

Кандидатот за градоначалник на град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес присуствуваше на светата архијерејска литургија по повод празникот Света Петка, одржана во црквата „Св. Петка“ во Кисела Вода. „За многу години

Трамп со порака до Ким Џонг Ун: Ако сака да се сретне со мене, ќе бидам во Јужна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделник дека е подготвен да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на неговата претстојна посета на Јужна Кореја, доколку Ким го сака тоа, пишува „Анадолу“. „Би бил

Секој родител го сака најдоброто за своето дете, но понекогаш ги правиме ОВИЕ ненамерни грешки

Иако секој родител го сака најдоброто за своето дете, понекогаш ненамерните грешки во грижата може да придонесат – тоа почесто да се разболува, особено наесен. Некои потези имено, наместо да го зајакнат здравјето

Врнежите добредојдени за земјоделството, времето поволно за сеидба на есенските култури

Врнежите од дожд се добредојдени во овој период, ја надополнуваат влагата во почвата и ги снабдуваaт земјоделските култури со потребното количество вода, велат агрометеоролозите. Овие временски услови, нагласуваат, се поволни за сеидба
Go toTop