Си Ѓинпинг планира следната недела да отпатува во Русија на средба со Путин

March 13, 2023
1 min read

Посетата на Ѓинпинг на Русија доаѓа побрзо од очекуваното, пренесува Ројтерс

Фото: EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг планира следната недела да отпатува за Русија за да се сретне со својот колега Владимир Путин. Посетата на Ѓинпинг на Русија доаѓа побрзо од очекуваното, пренесува Ројтерс.

Плановите за посета доаѓаат кога Кина се нуди да посредува за мир во Украина, напор што на Запад беше дочекан со скептицизам со оглед на дипломатската поддршка на Кина за Русија.

Пекинг најави дека сака да игра поактивна улога во завршувањето на конфликтот во Украина, а соработниците на претседателот велат дека Си Ѓинпинг има намера да се заложи за мултилатерални мировни преговори на средбата со својот руски колега Владимир Путин.

Руската новинска агенција Тасс на 30 јануари објави дека Путин го поканил Си да го посети напролет. „Волстрит журнал“ минатиот месец објави дека посетата на Москва би можела да се случи во април или почетокот на мај.

Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг минатиот месец изјави дека неговата земја сака да игра улога во завршувањето на конфликтот во Украина и оти Кина е загрижена дека едногодишната војна може дополнително да ескалира и да излезе од контрола.

Кина никогаш не ја поддржа или јавно ја критикуваше руската офанзива и постојано ја изразува својата поддршка за Москва во врска со западните санкции. 

Минатиот месец Путин беше домаќин на првиот кинески дипломат Ванг Ји во посета на Москва и сигнализираше дека Си ќе отпатува во Русија.

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг обезбеди трет петгодишен претседателски мандат откако речиси 3 000 члена на кинескиот парламент му ја дадоа поддршката. Почетокот на неговиот трет претседателски мандат доаѓа кога Кина, втората по големина економија во светот, се соочува со големи предизвици – од човековите права, закрепнување од политиката за нулта-ковид, слабата глобална побарувачка, кревката доверба меѓу потрошувачите и бизнисите, па се до затегнатите односи со Вашингтон и Западот поради Тајван, како и поддршката на Пекинг за Русија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Да се отстранат дивите таксисти и да има инспекции – бараат такси превозниците од Арсовска

Следно

Папата Франциск одбележува 10 години на чело на Римокатоличката црква

Latest from Blog

Баба Ванѓа најави мрачна есен: Предвидела вистинска катастрофа до крајот на 2025.

Иако почина во 1996 година, нејзините визии, честопати криптични и отворени за дискусија, продолжуваат да интригираат, објавува Net.hr. „Двоен оган“ За годината 2025, а особено месеците што следат по летото, нејзините визии

Челзи останува без Делап до ноември

фото: Chelsea Transfer Talks (X) Младиот напаѓач на Челзи, Лиам Делап ќе продолжи со тренинзи дури во ноември. Новото засилување за лондончани заработи повреда на тетивата на натпреварот против Фулам (2:0) и

ОН: За голем број Палестинци, евакуацијата од градот Газа е невозможна

Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Диџарик, денес изјави дека иако Израел издал наредба за евакуација што го опфаќа целиот град Газа, каде што околу еден милион Палестинци се засолниле, многумина од оние

Николоски: СДС преку тајните служби креираа мастер план во три чекори да се забрани политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ

Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги
Go toTop