„Шанса за Центар“ го разоткри планот на Герасимовски за „Треска“

October 29, 2025
1 min read

„Шанса за Центар“ го разоткри планот на Герасимовски за „Треска“ кои со своја објава ја анализираат вистината за планот на Треска.

Во објавата тие наведуваат:

1. Планот кој се релизира на 30.000м2 не соодветствува со Генералниот план за градот ,па наместо 1500 жители на локацијата се овозможува да се населат повеке од 5000 жители.
2. При подготовка за градба се исечени 105 дрва кои градби со подземни нивоа не можат да се надоместат.
3. Градоначалникот потенцира дека не продава државно земиште, а за реализација на планот приватизирани се неколку илјади квадрати државно земјиште
4. На местото каде по планот е предвидено јавно зеленило од 7000м2 се наоѓаат објекти од 2000м2 корисна, но легализирана површина кои Општината треба да ги откупи за да го реализира единственото зеленило. 1200м2 од тие обекти се во соственост на инвеститорите на Треска кои дополнително можат да се офајдат со дополнителни 960.000 евра. Обидот тоа да се избегне иницирано од Шанса за Центар во актуелниот момент не беше подржано од градоначалникот.
5. Награденото решение на Конкурсот за Треска го ревидираше планот согласно генералниот план, со тоа го заштити јавниот интерес и ги отклони добар дел од неговите недостатоци. Правото на градба на приватниот имот не им беше одземено на инвеститорите туку беше регулирано да се одвива според правилата на Урбанистичко планиранье.

За конкурсот не се залудно потрошени пари. Напротив. Конкурсот беше доказ дека ако се направи триаголник на соработка: политичари со визија и со примарна цел-јавниот интерес; ангажман на докажани стручни и професионални лица; и соработливи инвеститори флексибилни за договор и свесни за јавниот интерес, а не само алчни, е тогаш може да се менува развојот на просторот, нотираат во објавата.

Шанса за Центар посочи: „Но укинувањето на конкурсот на Треска еднострано и незаконски од градоначалникот е доказ како политичката моќ НЕ СЕ користи за одбрана на јавниот интерес“.

Во прилог и обракањето на арх. Радоњик претседател на Конкурсната комисија и актуелен претседател на Академијата на Архитекти на Македонија, како целосен демант на тврдењата на актуелниот градоначалник, потенцираат во објават од „Шанса за Центар“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Убер“ се стреми кон 100.000 роботаксија во партнерство со „Н-видија“

Следно

Во рекордно време изграден нов спортски центар во Куманово – Ристовски: Ветеното го реализираме во рекордно време!

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Македонија е меѓу земјите со највисока стапка на раст и пониска инфлација

24 септември 2026, Скопје – До крајот на годината не се очекува ревидирање на стапката на раст и промени во буџеткиот дефицит. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбите се следат

Specialja lehtëson kufizimet e vizitave për Thaçin

Çfarë ndryshoi: Gjykatësi i vetëm në çështjen për pengim të pretenduar të drejtësisë ka hequr menjëherë ndalimin për një pjesë të personave që më parë nuk lejoheshin ta vizitonin Hashim Thaçin. Ndalimi vazhdon

Антонио Конте е фаворит за клупата на Манчестер јунајтед, ако Мајкл Карик добие отказ

Гласините во Италија дека Антонио Конте е главен кандидат да го замени Мајкл Карик на клупата на Манчестер јунајтед стануваат сè погласни. Таквата промена би се случила доколку од „Инеос“ решат да
Go toTop