Лондон најави пет милијарди фунти нови инвестиции во одбраната

March 13, 2023
1 min read

Британскиот премиер Риши Сунак најави дека во контекст на „новите закани од Русија и Кина“ Обединетото Кралство ќе инвестира дополнителни пет милијарди фунти (5,6 милијарди евра) во својата одбрана.

Според владино соопштение, дополнителните пет милијарди фунти ќе му бидат доделени на Министерството за одбрана во следните две години.

Идејата е „да се обноват и зголеми резервите на муниција, да се модернизира (основата за) нуклеарните активности на Британија и да се финансира следната фаза од програмата за подморници AUCUS“.

Британскиот парламентарен комитет минатата недела предупреди дека залихите на муниција во кралството се опасно ниски, што според него ја загрозува националната безбедност. Секретарот за одбрана Бен Валас изрази слична загриженост во јануари.

– Во време кога светот станува понестабилен, а конкуренцијата меѓу земјите е поинтензивна, Обединетото Кралство мора да биде подготвено да се спротивстави, рече Риши Сунак, се вели во соопштението..

„Преку долгорочно инвестирање во нашите вооружени сили, ќе бидеме подготвени да одговориме на денешните и утрешните предизвици“, рече Сунак, кој ја започнува посетата на САД, каде што се очекува да биде потпишан договор за подморниците AUCUS со Австралија и САД.

Во коминикето се наведува дека Велика Британија одлучила да го обнови својот „стратешки преглед“ на одбраната „со цел да одговори на новите геополитички закани, нелегалната инвазија на Русија на Украина, економската принуда од Кина и зголемената конкуренција меѓу државите“.

Премиерот Сунак, исто така, изрази аспирација „на долг рок да ги зголеми трошоците за одбрана на 2,5 отсто од БДП“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради штрајк, откажани стотици летови на неколку германски аеродроми

Следно

Ердоган: „Ќе изградиме 244.000 станбени единици и 75.000 куќи во рок од една година“

Latest from Blog

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е
Go toTop