Власта и опозицијата обединети во ставот за судбината на Евреите: Никогаш да не се заборави, за да не се повтори

March 12, 2023
2 mins read

По повод годишнината од холокаустот на македонските Евреи, делегации од двете најголеми политички партии денеска присуствуваа на комеморативните настани организирани од Еврејската заедница во земјава. Упатија порака да не се заборави, ниту, пак, да не се повтори судбината на македонските Евреи

Обраќање од одбележувањето на 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи имаше и шефот на државата Стево Пендаровски, кој нагласи дека за да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада на Софија во тоа време за депортацијата на македонските Евреи

Никогаш да не се заборави, за да не се повтори – е обединетиот став на двете најголеми политички партии во земјава, владејачкиот СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во врска со судбината на македонските Евреи кои пред 80 години на денешен ден биле депортирани во логорот во Треблинка.

По повод годишнината од холокаустот на македонските Евреи, делегации од двете партии денеска присуствуваа на комеморативните настани организирани од Еврејската заедница во земјава.

„Холокаустот на Евреите е тажно поглавје од светската историја, но и постојан потсетник со сите сили да се бориме против сите форми на антисеминизам и меѓучовечка и меѓунационална омраза. Никогаш да не се заборави, за никогаш да не се повтори“,

порача делегацијата на СДСМ составена од организациониот секретар Вангел Андрески и членката на ИО, Милена Стевановиќ.

Делегацијата на СДСМ на денешната комеморација по повод 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи

Слична порака упати и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски кој порача дека на историјата треба да гледаме како на поука која кажува оти војната и непријателството го раѓа, како што вели, семето на злобата, уништувањето и заедничката несреќа.

„Таквиот геноцид е најцрниот настан во историјата на човештвото. Катастрофата од геноцидот никогаш да не се повтори, но и да не се заборави!“,

порача Мицкоски.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната комеморација по повод 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи

Пред спомениците на депортираните Евреи и на паднатите борци на НОБ на градските гробишта во Бутел, денеска во име на Владата оддадода чест и положија свежо цвеќе министрите за животна средина и за транспорт и врски Каја Шукова и Благој Бочварски.

Делегацијата на Владата на РСМ на денешното одбележување на годишнината од депортацијата на македонските Евреи

На спомен обележјето во чест на депортираните Евреи од Македонија во дворот на некогашниот Тутунски комбинат Скопје утринава, меѓу другите, се обрати и вицепремиерот Фатмир Битиќи кој порача дека гласот на разумот, светлината, прифаќањето, човечноста и демократијата мора да е гласен и јасен, да го слушнат сите.

Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања

„Нивните животи можеби завршија, но нивниот дух е постојано со нас, да не потсетува и да не храбри. Злото на Холокаустот не смее да се повтори“,

рече Битиќи кој ја предводеше Владината делегација.

Обраќање од одбележувањето на 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи имаше и шефот на државата Стево Пендаровски, кој нагласи дека за да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада на Софија во тоа време за депортацијата на македонските Евреи.

За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада на Софија во тоа време за депортацијата на македонските Евреи, порача претседателот Пендаровски

Пендаровски потсети и на моралната обврска што ја имаат граѓаните, а тоа е, како што рече, да не забораваат и да не дозволат никогаш повеќе силите на злото да добијат шанса да го повторат злосторството.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Артета за бурните прослави на Арсенал: Одете во црква ако не ви се допаѓа

Следно

Ппоради скапите станови во оваа европска метропола, разведените се почесто продолжуваат да живеат заедно

Latest from Blog

Николоски со увид на терен – Се реализира втората фаза од пругата кон Бугарија

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, денеска извршија увид во изградбата на втората фаза од железничката пруга кон Бугарија, на

Советот на Битола в петок ќе одлучува за ребалансот на Буџетот за 2026 година

Советниците на Општина Битола в петок ќе расправаат за ребалансот на Буџетот за 2026 година, како и за повеќе измени на општинските програми и финансиските извештаи на јавните претпријатија и образовните установи.

ВЛЕН: Новиот протокол со Турција ќе ја засили трговската размена и економскиот раст

Економскиот развој на Северна Македонија е тесно поврзан со продлабочувањето на стратешките партнерства и конкретната соработка со пријателските земји, порачаа од коалицијата ВЛЕН. Оттаму информираат дека по повеќе од 12 години Северна

БРУТАЛНИ СУДИРИ ВО БЕЛФАСТ – Толпа нападна куќи на странци и палеше оклопни возила

Стотици демонстранти нападнале полицајци и запалиле возила на голем број локации низ Северна Ирска откако во јавноста се прошири видео од напад со нож кој, како што пишуваа светските медиуми, го извршил
Go toTop