Орце Ѓорѓиевски од Стајковци: Време е за конкретни дела, не за празни зборови!

October 24, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва од Идризово и Стајковци порача дека очекува историска победа во вториот изборен круг. Тој се заблагодари на жителите од овие населени места за, како што рече, убедливата поддршка и најголемата разлика во гласови во првиот круг.

„Тоа, покрај чест, е и огромна одговорност што ја прифаќам со целото срце“, рече Ѓорѓиевски, додавајќи дека со новиот мандат ќе следуваат значајни инфраструктурни инвестиции, особено во водоснабдувањето.

„Ќе го подобриме водоснабдувањето преку приклучок на главната цевка, а на булевар ‘Хрватска’ ќе се градат две нови ленти, две пешачки зони и нова водоводна мрежа. Со тоа конечно, после три децении, Црешево и Смилковци ќе имаат нормално водоснабдување“, најави тој.

Ѓорѓиевски посочи дека проблемите во јавните претпријатија ќе се решаваат веднаш, со силна поддршка од премиерот Христијан Мицкоски. „60 автобуси се подготвени и само чекаат зелено светло, а со уште 40 што ќе ги сервисираме, Скопје ќе добие 100 функционални автобуси уште веднаш“, изјави кандидатот за градоначалник.

Тој најави и инвестиција од еден милион евра за нова фекална канализација во Идризово, потенцирајќи дека доаѓа пред граѓаните „со кредибилитет, со работа зад себе и со јасна визија напред“.

„Заедно со Боби ги засукуваме ракавите и веднаш почнуваме со работа. Време е за конкретни дела и нова страница на развој во Гази Баба и Скопје“, порача Ѓорѓиевски, повикувајќи на масовна излезност и поддршка во вториот круг.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Викторија Бекам била малтретирана од децата во училиште, тоа продолжило и на факултет

Следно

Ѓорѓиевски: Урбанистички експерти и градежна инспекција ќе стават крај на дивоградбите

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Македонија е меѓу земјите со највисока стапка на раст и пониска инфлација

24 септември 2026, Скопје – До крајот на годината не се очекува ревидирање на стапката на раст и промени во буџеткиот дефицит. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбите се следат

Specialja lehtëson kufizimet e vizitave për Thaçin

Çfarë ndryshoi: Gjykatësi i vetëm në çështjen për pengim të pretenduar të drejtësisë ka hequr menjëherë ndalimin për një pjesë të personave që më parë nuk lejoheshin ta vizitonin Hashim Thaçin. Ndalimi vazhdon

Антонио Конте е фаворит за клупата на Манчестер јунајтед, ако Мајкл Карик добие отказ

Гласините во Италија дека Антонио Конте е главен кандидат да го замени Мајкл Карик на клупата на Манчестер јунајтед стануваат сè погласни. Таквата промена би се случила доколку од „Инеос“ решат да
Go toTop