Грозданов: Само со обединување и заедничка работа може да се обезбеди подобра иднина за Кочани

October 23, 2025
1 min read

Владко Грозданов, кандидат за градоначалник на општина Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во „Тема на денот“ на телевизија Сител. Грозданов посочи дека постигнувањето на цензусот е доказ за достоинството и чесноста на граѓаните на Кочани. Грозданов искрено им се заблагодари на своите сограѓани за поддршката, потенцирајќи дека резултатот не го воздигнува, туку го охрабрува да работи уште посилно, посвесно и почесно. Тој порача дека само преку заедништво, отворена комуникација и заедничка одговорност може да се создаде подобра иднина за сите.

„Ова е една од најтешките изборни трки во историјата на Кочани. Една трка со најголем товар, како за мене така и за моите противкандидати. Но, сепак моите кочанчани, моите сограѓани, се одважија и пред се со постигнувањето на цензусот за легитимност на изборите покажаа дека се достојни и чесни и секако со самиот резултат кој го доделија во моментот ја покажаа својата визија за иднината“, вели Грозданов.

Грозданов им се заблагодари на сограѓаните за поддршката, истакнувајќи дека таа го охрабрува уште посилно и поодговорно да работи. Тој порача дека само со обединување и заедничка работа може да се обезбеди подобра иднина за Кочани.

„Со овој резултат, моите сограѓани ми дадоа една поддршка, но тоа не ме воздигнува, туку напротив ме охрабрува што посилно, попосветено, почесно да се посветам на ова. Доколку бидам избран за иден градоначалник на Кочани, заедно со нив, сплотени, чесно, одговорно, со комуникациски методи помеѓу нив, едноставно мора да се сплотиме и заедно да продолжиме сите. Претстои иднина за нашите деца, претстои иднина за Кочани. Кочани мора да се исправи“, рече Грозданов.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еве како Интер Мајами се пофали со потписот на Меси: „Тој е дома“! (ВИДЕО)

Следно

Порше го најави новиот Макан ЕВ ГТС

Latest from Blog

Божиновска: Поддршка за средношколците кои создаваат решенија за зелена иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави поддршка и покровителство од страна на Министерството за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации наменет за средношколци. Божиновска ја

Општина Битола: 500 ученици во знак на спортот и здравиот живот

Околу 500 ученици од основните и средните училишта во Битола денеска учествуваа на „Есенскиот крос“, кој се одржа во Градскиот парк во Битола. Масовниот спортско-рекреативен настан им овозможи на учениците да се

Започнува Евролигата: Sвезда го пречекува Жалгирис, шампионот гостува во Баскија (Фото)

Најквалитетната кошаркарска лига во Европа вечерва ќе го има својот старт, а интересно, првиот меч снема да се одигра на „старион континент“, туку во Азија. Дубаи во „Кока Кола Арената“ ќе го
Go toTop