Проданоски: Нека ни е честит 23 Октомври – денот на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
1 min read

Новoизбраниот градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека овој ден е симбол на почетокот на организираната борба на македонскиот народ за слобода и државност.

„Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! Овој голем ден го славиме како симбол на почетокот на организираната македонска борба за слобода, автономија и создавање на самостојна држава“, порача Проданоски.

 

 

Тој потсети дека токму на 23 октомври 1893 година, во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун, шестмина млади македонски патриоти – Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев – ја основале Македонската револуционерна организација, со што ја запалиле искрата што го осветли патот кон македонската слобода.

„Овој датум е темелот на нашето државотворно наследство и потсетник дека македонскиот народ низ вековите се бореше со достоинство и вера во својата слобода. Од Солун 1893, преку Илинден 1903 и Крушевската Република, па сè до Народноослободителната борба, оваа идеја живееше и прерасна во реалност – во самостојна и независна Македонија“, истакна Проданоски.

Во пораката тој додаде дека денес, повеќе од кога било, е важно да се негува духот на револуционерите, чиј идеал за обединета, горда и силна Македонија останува траен завет.

„Со длабока почит се поклонуваме пред делото на нашите револуционери, чии идеали и денес нè обединуваат. Да живее Македонија! ВМРО е кодот на Македонија!“, порача Проданоски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светска уметничка повторно ја тужи Тејлор Свифт: Таа ги бара сите приходи од хитовите

Следно

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Македонија е меѓу земјите со највисока стапка на раст и пониска инфлација

24 септември 2026, Скопје – До крајот на годината не се очекува ревидирање на стапката на раст и промени во буџеткиот дефицит. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбите се следат

Specialja lehtëson kufizimet e vizitave për Thaçin

Çfarë ndryshoi: Gjykatësi i vetëm në çështjen për pengim të pretenduar të drejtësisë ka hequr menjëherë ndalimin për një pjesë të personave që më parë nuk lejoheshin ta vizitonin Hashim Thaçin. Ndalimi vazhdon

Антонио Конте е фаворит за клупата на Манчестер јунајтед, ако Мајкл Карик добие отказ

Гласините во Италија дека Антонио Конте е главен кандидат да го замени Мајкл Карик на клупата на Манчестер јунајтед стануваат сè погласни. Таквата промена би се случила доколку од „Инеос“ решат да
Go toTop