На доделување на новинарски награди во Авганистан експлодира бомба – едно лице загина

March 11, 2023
1 min read

Портпарлот на локалната талибанска полиција соопшти дека во експлозијата загинал човек од обезбедувањето, а ранети се најмалку осум лица, од кои петмина новинари и три деца. Се стравува дека бројот на жртви и повредени во експлозијата ќе се зголеми

Во авганистанскиот град Мазар-е-Шариф денеска експлодира бомба за време на церемонија на доделување новинарски награди, при што загина најмалку едно лице, а неколкумина се повредени.

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Експлозијата се случила во центарот „Табијан Фарханг“ во Мазар-е-Шариф, главниот град на провинцијата Балх, додека десетици новинари се собирале на церемонијата на доделувањето на наградите.

Портпарлот на локалната талибанска полиција Мохамад Асиф Вазири соопшти дека во експлозијата загинал човек од обезбедувањето, а ранети се најмалку осум лица, од кои петмина се новинари, а три деца.

Се стравува дека бројот на жртви и повредени во експлозијата ќе се зголеми. 

За нападот сè уште никој не презема одговорност.

Десетици авганистански новинари беа убиени во напади во изминатите неколку години, но денешната експлозија е прв ваков инцидент откако талибанците ја презедоа контролата врз земјата во 2021 година, по повлекувањето на американските сили. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

AФАД: Бројот на загинати во разорните земјотреси во јужна Туркије порасна на 47.975

Следно

Матурантите бараат помал материјал за полагање матура и еден испит помалку

Latest from Blog

Бетис како гостин го “реши“ Виљареал

ФОТО:.facebook.com/realbetisbalompie Бетис го победи Виљареал со 2:1 на гостински терен во последниот натпревар од петтото коло на Ла Лига. Бетис победи по пресврт, со головите на Ернандез и Натан, додека Жерар Морено

Трамп пушта музика во авион на најсилно- сите се изненадени од неговиот избор (ВИДЕО)

За време на летот, тој им пушти песни од неговата „одобрена плејлиста“, за која рече дека поголемиот дел од неа самиот ја составил. Пред да започне музиката, стјуардесата им го пренесе прашањето

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop