Мицкоски: Ахмети имаше повеќе од две децении можност да направи нешто за граѓаните

October 7, 2025
1 min read

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски истакна дека политичката партија СДСМ, имаше можност 7 години да се бори за нивниот дом, како што вели и нивниот слоган за изборната кампања за локалните избори годинава, но освен жестоки грабежи и предавства ништо друго не испорачаа додека беа власт, а и запраша за кој дом за борат, затоа што очигледно беше дека пред неколку месеци уживаа на Халкидики во раскош.

-Оваа коалиција, ако се вратиме назад имаше можности. Еден субјект во оваа коалиција тоа е да настапува со слоганот “Да  се бореле за домот“. Тие имаа 7 години можности да се борат за својот дом, наречен нашата татковина Македонија. Освен жесток грабеж, предавство и понижување на македонскиот народ, на граѓаните во Македонија, на Македонија како држава буквално ништо друго, ниту испорачаа, ниту направија“, кажа Мицкоски.

Мицкоски вели дека е прашање на кој дом мислат.

„Затоа сега се прашуваме, на кој дом мислат, дали мислат можеби на онаа вила на егејското крајбрежје, на Халкидики, дали мислат на хациендата во Дубаи, или пак мислат на оние скапи глисери коишто ги видовме летоска како уживаат, во еден раскошен елемент. Граѓаните се збунети. И не знаат сега конкретно за кој дом зборуваат. Секоја нивна порака е порака исполнета со лага, порака исполнета со невистина, порака исполнета со црна кампања, ад хоминем напади, ниски страсти. Така впрочем тие ја водат целата кампања“.

Лидерот на ДУИ имаше повеќе од две децении можност да направи било што за граѓаните, и според Мицкоски, тој не успеа да испорача ништо освен да придонесе за иселување на граѓаните од земјата.

„Тој имаше повеќе од две децении можност да направи, за граѓаните, но и еве и за народот, албанскиот народ којшто го гласа најчесто него и неговата политичка партија. А што направи за возврат? Пред очи гледаше како се празнат селата, тоа е веќе стара вест, сега се празнат градовите. Повеќе од 100-тина илјади негови граѓани се иселија. Залудни се хациендите во Зајас, залудни се замоците во Зајас. Затоа што соседите ги нема“, заклучи Мицкоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Азири за Османи: Политичка кариера наместо проекти за Чаир

Следно

Трамп се заканува дека ќе го активира Законот за бунт за распоредување војска во градовите

Latest from Blog

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,
Go toTop