Ѓорѓиевски: Сарај ќе стане симбол на одржлив туризам и развој

October 4, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес беше во посета на општина Сарај, каде што најави повеќе инфраструктурни и развојни проекти насочени кон унапредување на локалната заедница и туристичкиот локалитет Матка.

„Сарај нема повеќе да биде заборавена општина. Ќе ги вложиме сите сили за нејзино целосно заживување и развој,“ истакна Ѓорѓиевски, најавувајќи изградба на монтажен паркинг кај Матка кој ќе овозможи уредено паркирање, намалување на хаосот и притисокот врз природната средина, како и контролирано управување со туристичкиот прилив.

Во рамки на својата програма, Ѓорѓиевски најави и целосна реконструкција на главната улица во Сарај, со нови тротоари, осветлување и сигнализација, со цел подобрување на безбедноста и квалитетот на сообраќајот.

Меѓу клучните приоритети се и изградбата на канализациона мрежа во Долна Матка, како и осветлување на Горна Матка, што ќе придонесе за поголема безбедност и подобар квалитет на живот на жителите и туристите.

Ѓорѓиевски оствари и средба со риболовните друштва од Скопје, кои ги нарече „вистински чувари на реките“, нагласувајќи дека заштитата и чистењето на речното корито ќе бидат негови приоритети.

„Со заедничка визија и со народот, Сарај ќе прерасне во гордост на Скопје, а Матка ќе стане пример за одржлив туризам и вистинско место за уживање и живот,“ порача Ѓорѓиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Пи Диди -Комбс осуден на 50 месеци затвор

Следно

Пазарењето во ЕУ почна – главна на тезгата Украина, но и Македонија

Latest from Blog

Фазлиу: Молкот на ДУИ не ја крие аферата со „АС Сењак“ – време е за институционална одговорност

Коалицијата Вреди денеска официјално поднесе иницијатива до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), барајќи истрага за наводната афера околу фирмата „АС Сењак“ и поврзаноста на политичката елита на ДУИ со српската

Тројца загинати во катастрофалните поплави во западна Бугарија

Страшно невреме го погоди бугарското приморје, при што загинаа три лица, а властите прогласија вонредна состојба во општините Несебар и Царево. Во североисточниот дел од земјата и денеска е прогласен жолт аларлм

Објавени најдобрите 25 светски компании, меѓу нив нема ниту една од Европа

Извештајот на PwC, една од најголемите светски ревизорски и консултантски фирми, за најголемите светски компании според пазарната капитализација покажува драматична промена во глобалната распределба на моќта. За прв пат во историјата, нема европска

Николовски со атрактивна најава за вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово (ФОТО)

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи денеска собир на кој ќе ги претстави поддржаните кандидати градоначaлник и за советници во Куманово. По тој повод партијата организираше атрактивна најава на својот митинг. „Куманово, Те очекуваме
Go toTop