Тоневски: Паркови и игралишта не вредат ништо без економија и луѓе кои остануваат во градот

October 4, 2025
1 min read

На дебатата со актуелниот градоначалник и кандидат за трет мандат, Драган Анастасов – Ладич од СДСМ, кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, ја истакна потребата од враќање на економскиот развој како главен приоритет.

„Пробиштип беше една од најразвиените општини во поранешна Југославија,“ истакна Тоневски, одговарајќи на прашањето како е можно градот денес да се соочува со толкава нефункционалност. „Економскиот развој во последните осум години стагнира, односно Анастасов како градоначалник многу малку финансираше во делот на економски развој. Немаше ниту урбанизација, ниту индустриски зони, ниту тоа што се бара на пазарот – инвестирање во планска документација, инфраструктура на тие зони, барање нови инвеститори, за да се отвораат работни места. Со тоа ќе се враќаа и сите тие што работат и во Штип и во Кочани во индустриските зони.“

Тоневски нагласи дека токму економскиот развој мора да биде основата на сите идни политики. „Ние можеме да инвестираме колку сакаме и во паркови и во игралишта и во детски катчиња и во зеленило, но доколку нема деца и млади, доколку нема луѓе кои се задоволни од својата работа, плати и примања, остануваат да живеат во Пробиштип, инвестираат – сето тоа друго ќе биде за џабе потрошено,“ порача тој.

Во текот на дебатата, Тоневски потсети и на дел од проектите реализирани во неговиот мандат, меѓу кои индустриските зони во урбан блок 12-1, каде се изградени десетици погони, како и индустриската зона кај „Кранфилд Фаундри“.

И двајцата кандидати – актуелниот градоначалник Драган Анастасов и неговиот противкандидат Тони Тоневски – на изборите на 19 октомври ја бараат поддршката од граѓаните за нивниот трет мандат.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анкета на „Порталб“: Меџити со предност пред Османи во Чаир

Следно

Понижениот Тен Хаг пред „нов“ ангажман – се враќа во старото јато?

Latest from Blog

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,
Go toTop