Костовски: Во Бутел се изградија 102 улици во вредност од 320 милиони денари, ветувањата се реализираат!

October 2, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Бутел и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат, Дарко Костовски, преку објава на социјалните мрежи направи биланс на првите четири години од неговото раководење, потенцирајќи ги конкретните резултати и промените кои ги донесе во оваа општина.

Костовски нагласи дека за првпат по децении, Бутел добил сериозни инвестиции во инфраструктурата, со асфалтирање на вкупно 102 улици во вредност од 320 милиони денари, проект кој суштински го променил животот на граѓаните.

„Изминатите години беа исполнети со работа, посветеност и конкретни реализации. Ветив пред граѓаните на Бутел и денес, по четири години, можам гордо да кажам дека ветувањата се исполнуваат, а нашата општина се менува секој ден,“ изјави Костовски.

Според него, инвестициите во Бутел никогаш досега не се случиле во ваков обем, со што општината се претвора во помодерно, пофункционално и подобро место за живеење.

Костовски исто така истакна дека Бутел е „нашиот дом, нашата сегашност и наша иднина“, повикувајќи ги граѓаните да ја продолжат патеката на започнатиот развој и да го поддржат неговиот втор мандат.

„Продолжуваме заедно со вас да ја градиме и развиваме нашата општина во модерно и подобро место за живеење. Нашите улици се доказ за нашата работа. Заокружете број 9 за сигурна иднина,“ заврши Костовски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Движење ЗНАМ со серија прес конференци за градоначалникот на СДСМ од општина Центар Герасимовски

Следно

Министерството за спорт генерален покровител на 21. Виз ер Скопски маратон

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop