Канадската полиција ги истражува наводните кинески полициски станици во Монтреал

March 10, 2023
1 min read

ТРЕНТОН (АА) – Канадската полиција вчера соопшти дека ги истражува наводите дека две кинески „полициски станици“ биле користени за закана и заплашување на Канаѓаните од кинеско потекло во оваа северноамериканската земја, јавува Анадолу.

Станиците се наоѓале во Монтреал, едната во самиот град, а другата во предградието.

„Спроведуваме полициски операции со цел откривање и попречување на овие криминални активности кои ги поддржуваат странските држави, кои можат да ја загрозат безбедноста на поединците кои живеат во Канада“, се вели во соопштението на Кралската канадска коњичка полиција.

Во октомври, Кралската канадска коњичка полиција отвори истрага за уште три таканаречени полициски станици во Торонто. Шпанската група за човекови права „Safeguard Defenders“ ја предупредила полицијата за присуството на станиците. Пријавени се повеќе од 100 станици во најмалку 50 држави, вклучително и САД.

Портпаролот на Кралската канадска коњичка полиција рече дека Канаѓаните со кинеско потекло се „жртви на можни активности извршени од овие центри“ и дека таквото однесување „нема да се толерира“.

Канадскиот премиер Џастин Трудо за новинарите изјави дека е „многу загрижен“ за наводните кинески полициски станици.

„Во процес сме да се увериме дека Кралската канадска коњичка полиција го следи ова и дека нашите разузнавачки системи проблемот го сфаќаат сериозно“, рече Трудо.

Тактиките што се користат за принудување на Канаѓаните од кинеско потекло да прават како што им е кажано вклучува негирање на правото на децата на образование и казнување на членовите на нивните семејства во Кина.

Кинеската влада претходно ги отфрли обвинувањата, велејќи дека станиците им помагаат на кинеските граѓани со прашања како што се обновување на возачките дозволи, бидејќи многумина не можеле да се вратат во Кина поради пандемијата на Ковид-19.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Отворање на изложбата „Првите 30 години“ на уметницата Касиопеја Наумовска во Кинотека

Следно

Сунак и Макрон во Париз ќе разговараат за безбедносната соработка

Latest from Blog

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,

МЕПСО реконструира осум трафостаници: На ред е и ТС Скопје 4 во Пинтија

МЕПСО започнува со целосна реконструкција и енергетска модернизација на осум трафостаници, меѓу кои и ТС Скопје 4 во Пинтија. Како што информираат од компанијата, по пет децении од изградбата на командната зграда

Седум американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп

Во тој „пакет“ беа вклучени околу 810 милиони долари што Белата куќа се обиде да ги укине пред крајот на фискалната година. Минатата недела, Трамп се обиде еднострано да ги задржи средствата
Go toTop