Костовски: Инвестираме во иднината, населбата Радишани добива модерен спортски комплекс (ВИДЕО)

October 1, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, воедно и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат, во јавна изјава го презентираше најновиот проект за изградба на нов Спортско-рекреативен центар во населбата Радишани Горна Зона.

Според него, овој модерен простор ќе се простира на повеќе од 2000 метри квадратни и ќе претставува директна инвестиција во квалитетот на животот на жителите од овој дел.

Што ќе содржи новиот спортски комплекс: модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, ЛЕД-осветлување и нова метална ограда, нови трибини со удобни седишта, кошаркарско игралиште со специјална подлога, реконструкција и проширување на детското игралиште со современи реквизити, фитнес-зона за вежбање и рекреација, урбани простори со ново ЛЕД-осветлување.

Костовски изјави дека овој проект претставува конкретен доказ дека Општина Бутел се менува со сигурни чекори кон модернизација. Тој исто така потенцираше дека граѓаните на оваа општина го добиваат она што го заслужуваат – урбана средина со повеќе простори за спорт и рекреација.

„Инвестираме во нашата иднина, во нашите деца и во поквалитетен живот на жителите на Бутел,“ изјави Костовски.

Според Костовски, овој најнов проект е дел од визијата за модерен, урбан Бутел достоен за секој граѓанин.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: Безбедноста и современата инфраструктура се приоритет за Аеродром

Следно

Проданоски се сретна со такси превозниците: Решенија за поквалитетен превоз во Прилеп

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop