ЕЕА: ЕУ ги намали емисиите на штетни гасови и загадувањето, но потребни се повеќе напори

September 30, 2025
1 min read

Европската Унија во последните пет години постигна значителен напредок во намалувањето на емисиите на стакленички гасови и загадувањето на воздухот, но сепак се потребни повеќе напори за справување со климатските промени и деградацијата на животната средина, кои претставуваат големи ризици за економскиот просперитет, конкурентноста, безбедноста и квалитетот на животот во Европа. 

Ова се наведува во Извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА) за состојбата во ЕУ со емисиите на штетни гасови и загадувањето во изминативе пет години објавен денеска. 

– Водните ресурси на Европа се под сериозен притисок. Проблеми со водата моментално има на 30 отсто од територијата на Европа и за 34 проценти од населението. Затоа, спроведувањето на политиките и целите на ЕУ, како и преиспитувањето на врските помеѓу економијата и животната средина, се клучни за да се обезбеди здраво општество и конкурентна економија, се вели во Извештајот. 

Во документот на ЕЕА се нагласува потребата од „климатско лидерство на ЕУ“ преку континуирано намалување на емисиите на стакленички гасови и на употребата на фосилни горива, како и преку значително зголемување на користењето на енергија од обновливи извори и подобрување на енергетската ефикасност.  

Според извештајот, од 1990 година, па до сега, ЕУ ги намалила своите емисии на стакленички гасови за 37 отсто, а добар напредок е постигнат и во подобрување на квалитетот на воздухот, рециклирањето на отпадот, иновациите, зелените работни места и одржливото финансирање.  

– Политиките на ЕУ за подобрување на квалитетот на воздухот резултираа со намалување на бројот на предвремените смртни случаи како резултат последици од вдишувањето ПМ честички од 2005 до 2022 година за 45 отсто, се наведува во Извештајот. 

Во документот, со кој се опфатени 38 земји, се нагласува потребата од активности за продолжување на обновата на природата на Европа, заштитата на биолошкиот диверзитет и намалувањето на загадувањето, бидејќи „целокупната состојба на животната средина во Европа има потреба од понатамошно подобрување“.  

– Заштитата на природните ресурси, ублажувањето и прилагодувањето кон климатските промени и намалувањето на загадувањето ќе придонесат за отпорноста на Европа. Европската Унија презема мерки за справување со овие предизвици и продолжува со својата работа кон чист, одржлив и отпорен континент, останувајќи на курсот кон своите климатски и еколошки цели, се додава во извештајот.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Српската Влада на следната седница ќе донесе национална стратегија за фертилитет

Следно

Бони Блу открива зошто се разделила од сопругот: „Нема никаква врска со мојата кариера“

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop