Во Германија двојно е зголемен бројот на лица без државјанство

March 9, 2023
1 min read

Бројот на лица кои без државјанство престојуваат во Германија двојно се зголеми по бегалскиот бран во 2015 година, соопшти денеска Федералниот завод за статистика во Визбаден.

„На крајот на 2022 година во централниот регистар на странци се евидентирани 29.455 лица без државјанство. Ова е двојно повеќе од пред бранот мигранти во 2015 и 2016 година“, се вели во соопштението на Заводот за статистика.

Повеќе од половина од овие лица пристигнале од Сирија.

Како причина се наведува немањето лични документи кои би можеле недвосмислено да потврдат нечие државјанство. Речиси е невозможно сириските граѓани дополнително да ги добијат овие документи поради несоработката на властите во Сирија.

Според податоците на Обединетите нации, недостигот на државјанство понекогаш се заснова и на родова дискриминација, бидејќи во некои земји жените не можат да го пренесат своето државјанство на своите деца.

Децата родени во Германија не добиваат автоматски германско државјанство доколку еден од родителите не престојувал во Германија најмалку осум години и не поседува неограничена дозвола за престој.

Странците во Германија можат да аплицираат за германско државјанство по осум години легален престој, а освен неограничена дозвола за престој, потребен е и доказ за доволен приход за нив и нивното семејство и потврда за неказнивост.

Германија по правило, со исклучок на граѓаните на земјите-членки на ЕУ, не дозволува двојно државјанство.

Бегалците од Сирија моментално уживаат право на заштита во Германија, а по осум години можат да поднесат барање за државјанство доколку исполнуваат услови.

Во многу случаи, барателите на азил ги уништуваат своите документи со цел давајќи лажни наводи за своето потекло, да ја зголемат можноста за стекнување право на политички азил.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Советот на министри на ЕУ даде зелено светло за либерализација на визите за Косово

Следно

Арсим Зеколи тврди дека Ахмети намерно го понижува СДСМ за да му помогне на ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

Мачадо нема да присуствува на доделувањето на Нобеловата награда за мир во Осло

 Венецуелската добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година, Марија Корина Мачадо нема да присуствува на денешната церемонијата на доделување награди во Осло поради заканите од авторитарното раководство на нејзината земја,

Знае што сака: Пеп нуди 65 милиони фунти за дефанзивец на Њукасл!

Фото: Манчестер Сити Х Пеп Гвардиола едноставно знае што сака. Според информациите од англиските медиуми, Сити е подготвен да понуди 65 милиони фунти за 23-годишниот дефанзивец на Њукасл, Тино Ливраменто, а договорот

Трамп ќе бара од сите странци петгодишна историја на социјалните мрежи за влегување во САД

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе бара од странските туристи да ја покажат својата историја на социјалните мрежи во последните пет години при влез во САД. Драстичната мерка е најновиот обид
Go toTop