ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби го компромитира цел процес со надзорот на Коридорите 8 и 10д, сомнежите за местење на тендерот остануваат, ЈО да отвори случај

March 9, 2023
1 min read

Артан Груби и владата го компромитираат целиот процес со надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10д. ИРД Инжинеринг, која треба да го врши надзорот, преговарала и со изведувачот и го составила договорот, кој владата го потпиша, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Конзорциумот воден од ИРД е во состав на фирми со сомнителна позадина. Фирмата ЕПТИСА, која е дел од истиот е фирма која веќе имала забрана од страна на владата за учество на големи проекти од над 1 милион евра, за потоа магично да се смени и Министерството за транспорт да и даде лиценца за надзор.

Електра Солишн, исто така дел од Конзорциумот е фирма на синот на Сотир Ампов, кој преку Институт за патишта Велес беше дел од Конзорциумот ИГХ кој првично го добил тендерот, а е поништен поради сомнежи за руско потекло на нивниот капитал. Сега фирмата на синот на Ампов, кој бил вмешан во руска шема е дел од новиот Конзорциум за надзор.

Евро Консалтинг, фирма на Бранимир Димитријевиќ, кој во Ерменија е гонет за коруптивни скандали е исто така дел од Конзорциумот на ИРД.

Сомнежите за нерегуларности го следат целиот процес, од почетокот, па се до промената на условите за учество на јавниот повик, кои кога се гледаат објективно индицираат дека одат во корист на Конзорциумот на ИРД.

ЈО не смее да остане немо на сиот сомнеж за корупција и мора да отвори случај“ – се наведува во партиското соопштение.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Украинскара нуклеарка Запорожје исклучена од електричната мрежа по руските напади

Следно

Се отвора изложбата „Пејзаж на вознемиреност“ во Музејот на современата уметност – Скопје

Latest from Blog

Мирно е утрово пред Собранието на Србија по синоќешните инциденти, полицијата ноќеска привела 37 луѓе

Мирно и без инциденти беше во текот на ноќта и утрово во центарот на Белград пред српскиот Парламент каде што од синоќа реагираа стотици полицајци во опрема за разбивање демонстрации со обиди

Единствениот преживеан во авионската несреќа на Ер Индија во која загинаа 241 лице: „Не сакам да разговарам со никого“

Единствениот преживеан од падот на авионот на „Ер Индија“ во кој загинаа 241 лице изјави дека се чувствува „најсреќниот човек на светот“, но исто така е во силна физичка и ментална болка.

Денес е преподобен Иларион Велики

Како што розите растат на трнливо стебло така и овој прекрасен светител се роди од родители незнабожци, во селото Тавата близу Газа Палестинска. Родителите го дадоа на науки во Александрија, каде што

ВРЕДИ: Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети

Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е

Фото: Емилија Кларк во проѕирен фустан на првиот црвен тепих по повеќе од една година

По повеќе од година и пол отсуство од јавноста, Емилија Кларк се врати на црвениот тепих со стил. Ѕвездата од „Игра на тронови“ изгледаше зачудувачки во проѕирен фустан на „Глобал Гифт Гала
Go toTop