ФБИ: ТикТок може да се користи за контрола и манипулација со информациите

March 8, 2023
1 min read

Апликацијата TikTok може да се користи за контрола на податоци и софтвер на милиони уреди во САД и за поттикнување на наративот за поделба на Америка, додека дури и разузнавачките служби би можеле да ја пропуштат таквата манипулација, изјави денеска директорот на ФБИ. Кристофер Вреј.

-Не сме сигурни дека би виделе некои од надворешните знаци на тоа доколку се случи. Тоа е алатка која на крајот е под контрола на кинеската Влада и за мене тоа е причина за загриженост за националната безбедност, рече Вреј, пренесе Блумберг.

Републиканскиот сенатор Марк Рубио го нарече TikTok „една од највредните алатки за надзор на планетата“ и изјави дека може да се користи за собирање податоци и манипулирање со информации.

-На тој начин можат да ги трујат умовите и да стават ѓубре во главите на милиони луѓе. Ова е значајна закана за националната безбедност на земјата, со каква што не сме се соочиле во минатото, рече Рубио.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден претходно неделава го поддржа двопартискиот закон што на претседателот може да му даде овластувања да го забрани TикТок, што би можело да го забрза решавањето на проблемите за приватност околу популарната апликација.

Апликацијата ТикТок е предмет на ревизија од владиниот Комитет за странски инвестиции во САД, или Cfius, и се очекува наскоро да биде забранета на сите федерални уреди.

-Најбрзиот и најтемелниот начин за решавање на какви било грижи за националната безбедност во врска со ТикТок е Cfius да го усвои предложениот договор, на кој работиме со нив речиси две години, рече портпаролката на ТикТок, Брук Оберветер.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Спасовски: Полицијата е на браникот на безбедноста, преземаме активности против рекетирања, закани, уцени и продажба на дрога и оружје

Следно

Албанија: Февруарската инфлација е 7,1 отсто

Latest from Blog

Денеска на Мундијалот: Стартува “Последниот танц“ на Роналдо, мега – дерби меѓу Англија и Хрватска

ФОТО:.facebook.com/PORTUGAL На програмата се нови четири средби од 23.Светско првенство. По се она што синоќа го направија Килијан Мбапе и посебно Лео Меси, сега сите погледи се вперени кон Кристијано Роналдо и

Binance останува посветен на своите европски корисници и ќе продолжи да работи во согласност со важечките закони

Binance повторно ја потврдува својата посветеност кон европските корисници и намерата да продолжи да работи во целосна согласност со важечките прописи низ целиот континент, при што ја нагласува важноста од правична, предвидлива

ЗАВРШЕНА ИСТРАГАТА ПРОТИВ ЈАНУКОВИЧ и поранешни функционери за настаните на Мајдан

Обвинителите и истражителите на Државното биро за истраги на Украина ја завршија истрагата против поранешниот претседател Виктор Јанукович и 16 поранешни високи државни функционери, во врска со обвиненијата за создавање криминална организација

Европратениците ќе гласаат за извештајот на Вајц

Европскиот парламент дебатира за извештајот за напредокот на Македонија. На вчерашната пленарна сесија во Стразбур известувачот за Македонија, Вајц, предупреди дека регионот на Западен Балкан бил и продолжува да биде „поле за
Go toTop