Поплави на Бали, девет лица загинаа

September 10, 2025
1 min read

Поплавите на индонезискиот остров Бали одзедоа најмалку девет животи оваа недела, блокирајќи ги главните патишта во главниот град и нарушувајќи го животот во прометната туристичка дестинација, соопштија денес официјални лица.


Обилните дождови што паднаа помеѓу вторник вечерта и среда предизвикаа широко распространети поплави и убија пет лица во главниот град на Бали, Денпасар, изјави Абдул Мухари, портпарол на државната агенција за катастрофи.

Уште четири лица загинаа во регионите Џембрана, Џијар и Бадунг, додаде Мухари. Две лица сè уште се водат како исчезнати.


Од 600 жители погодени од поплавите, речиси 200 се евакуирани од своите домови во училишта и џамии бидејќи нивните домови сè уште се поплавени, соопшти агенцијата.

Њоман Сидакарја, раководител на агенцијата за пребарување и спасување на островот, рече дека поплавите уништиле две згради во Денпасар и дека пристапот до меѓународниот аеродром во близина на Денпасар е ограничен бидејќи само камиони можеле да ги користат патиштата.


Индонезискиот претседател Прабово Субианто изрази сочувство и му нареди на шефот на националната агенција за катастрофи да отпатува на Бали за да ги води итни операции и да се обезбеди задоволување на основните потреби.


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиерот Мицкоски утре во посета на ГОБ „8 Септември“ во Скопје

Следно

Кристијан Ериксен се договори со Волфсбург

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop