Ристовски: Спортот е мост за соработка и идни успеси на Балканот

September 10, 2025
1 min read

Под мотото „Спортот како национален идентитет и визија за иднината“, денеска во Скопје се отвори Првиот Регионален спортски самит „Скопје 2025“.

Министерот за спорт Борко Ристовски истакна дека Скопје денеска е центар на регионот и место каде спортот ја покажува својата најголема сила – да ги обединува луѓето, државите и културите. Според него, самитот претставува платформа за заеднички визии, размена на искуства и градење нови партнерства.

На отворањето на Самитот, присутните ги поздравија вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски и легендата на македонскиот фудбал, Горан Пандев.

 

На првиот панел „Како спортот ја обликува иднината на Балканот: Преку соработка до успех“ дискутиравме за регионалната соработка како основа за идни успеси, заедно со министерот за спорт на Србија, Зоран Гајиќ, и министерот за спорт и млади на Црна Гора, Драгослав Шќекиќ.

 

Ристовски нагласи дека оваа средба е почеток на ново поглавје за спортот на Балканот, во кое ќе се водиме од фер-плеј, солидарност и почитување, со цел остварување на успешни проекти и конкретни резултати.

.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Албанија за една деценија 112 илјади ученици помалку

Следно

Фудбалска федерација: Битола приреди незаборавна вечер

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop