Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола успешно го заврши проектот за изградба на нова водоводна линија на улицата „Сру“ бр. 5.
Во рамки на проектот се поставени современи полиетиленски цевки со нови приклучоци, што значително го подобрува квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето за жителите од овој дел на градот. Работите се изведени според највисоки технички стандарди, со цел долгорочно решение и намалување на ризикот од дефекти и прекини во снабдувањето со вода.
Со реализацијата на овој инфраструктурен зафат, ЈКП „Водовод“ – Битола ја потврдува својата посветеност на навремено и квалитетно задоволување на потребите на граѓаните.