Ѓорѓиевски најави конкретна поддршка за волонтерските програми на Црвениот Крст

September 10, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со генералниот секретар на Црвениот Крст на Македонија, Саит Саити, секретарката на Црвениот Крст на град Скопје, Сузана Тунева-Пауновска и стручната служба. На средбата биле договорени насоки за идна соработка меѓу Градот и оваа хуманитарна организација.

„Црвениот Крст е симбол на човечноста, солидарноста и пожртвуваноста. Зад секој волонтер стои приказна – помогнато семејство, старо лице кое добило грижа или спасен човечки живот. Токму на тие приказни ќе ја градиме нашата соработка,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој најави зголемување на поддршката од Град Скопје преку отворање нови дневни центри, 50% повисоко финансирање за помагатели на лица со попреченост, дополнителна поддршка за пунктот за бездомници, обновување на финансирањето за тимот за итна реакција при катастрофи и набавка на 200 уреди за системот „итно копче“ за повозрасните лица.

„Скопје ќе биде град кој се грижи за секој свој граѓанин, а Црвениот Крст ќе остане најсилниот сојузник во оваа мисија,“ додаде Ѓорѓиевски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европа ги собира своите малцинства Македонското друштво – „Илинден“-Тирана со свој претставник во Италија

Следно

Пикси повторно на „мета“, и повторно одговори што мисли за побараната оставка

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop