Тошковски: 23 нови мотоцикли ќе ја зајакнат сообраќајната полиција

September 10, 2025
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, заедно со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Горан Ангеловски, присуствуваше на предавање на нова опрема за сообраќајната полиција.

Полицијата доби 23 мотоцикли „Piaggio“ со 310 cm³ моќност во полициска изведба, како и комплетна возачка опрема – одела, кациги, ракавици и чизми.

„Ова е уште една потврда за успешната соработка помеѓу МВР и РСБСП, партнерство кое директно придонесува за зголемување на безбедноста на патиштата,“ изјави Тошковски, нагласувајќи дека заедништвото и координацијата се клучни за подобри услови за работа на полициските службеници и поголема сигурност за сите учесници во сообраќајот.

Тој додаде дека министерството ќе продолжи со иста посветеност, бидејќи безбедноста во сообраќајот останува врвен приоритет.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мирисот од роза го зајакнова мозокот и меморијата

Следно

Поради руските дронови, Полска го активираше членот 4 од Договорот за НАТО – еве што значи тоа

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop