EXIT го потврди Скопје: Ѓорѓиевски води кон нов фестивалски бран

September 9, 2025
1 min read

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на град Скопје, најави дека Скопје ќе стане дел од мрежата на градови каде се реализира EXIT фестивалот.

„Скопје мора да биде град кој живее и навечер, град во кој младите ќе имаат простор за ноќен живот, забава и култура. Град кој пулсира и дава енергија. И заедно ќе успееме во тоа“, изјави Ѓорѓиевски.

Организаторите на EXIT истакнуваат дека младинскиот и фестивалскиот туризам носат значителни економски придобивки, со повеќе од 300 милиони евра туристички прилив само во Нови Сад и Србија.

 

„Готово сите европски престолнини веќе се домаќини на големи фестивали кои значително придонесуваат за развојот на туризмот и брендирањето на дестинацијата, и Скопје заслужува да се најде меѓу нив. Македонската публика е од првиот ден меѓу најверните на EXIT и затоа сме подготвени, во партнерство со локалните промотери, организации и музичари, веќе следната година да го покренеме големиот фестивал во Скопје и да помогнеме престолнината на Македонија да стане една од водечките фестивалски дестинации во Европа“, додаваат организаторите.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски на средби во Стразбур: Потврдена посветеноста на Македонија кон демократијата и човековите права

Следно

Писториус: Германија и доставува на Украина два комплетни системи „Патриот“

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop